Web Statistics Корупција - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Судијата од гостиварскиот Апелационен суд, бил видно потресен од објавата на претходниот текст во кој е соддржан разговорот помеѓу него и Ирсал Јакупи, генерален секретар на ИВЗ, како го оговараат градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта.

Реисот Сулејман Реџепи викан Жарко, спротивно на законот и покрај забраната да располага со имот на Исламсаката верска заедница, гладен за профит сепак тргувал и продал имот на скопското Муфтиство. За ова има соодветна кривична пријава која чека процесуирање...

Благоја Механџиски Зегин неколку децении во Македонија и регионот се претставува како хуман, благороден и чесен бизнисмен кој освен што тера фармаколошки бизнис, паралелно им помага на луѓето. Се претставува и за голем христијанин и верник, одан и верен на вредностите на православната црква. Сепак, не е така! Сето тоа е само фина маска под која се крие нечовек, нехристијанин, нечесен и неблагороден алчен бизнисмен, кој бескрупулозно гази врз сите оние кои ќе му се најдат на патот. Тоа го потврдува и бивша вработена во неговата компанија, која своето искуство го споделува со нас...

Не морате да верувате дека ВМРО ДПМНЕ за време на раководењето со МВР од 2006. до денес има формирано Сектор за измами во ова министерство. Со Јанкуловска и Мијалков се е можно. Од пресудата на Апелациониот суд Битола против измамникот, Мр Сашко Денесоски, попусто донесена и повеќе од очигледно НЕИЗВРШНА и НЕСПРОВЕДЛИВА, јасно се чита дека началник на тој Сектор е баш Денесоски. Со најдиректна асистенција на екс началникот на ЦПС, Јордан Размоски...

Владејачката Фамилија во Македонија, Груевски & Мијалков, по подолго размислување и подготовки, конечно сфатија дека најголемите проблеми во процесот на воспоставување контрола врз правосудството го имаат со адвокатите и нивната Комора. Многу монтирани процеси, против политичките и бизнис неистомисленици кои им се најдоа на пат, по притворањето и отпочнувањето на процесите против нив, наидоа на подсмев во јавноста и медиумите, заради адвокати/бранители на осомничените, кои си го знаат знаењето...

Денес веројатно нема да ви се верува, ама на 18. Март 2011. по мое службено маил обраќање до Сашо Денесоски, повеќекратен измамник, мешетар, даночен затајувач, градежник, јавно-приватен партнер на Општина Охрид и Аце Петрески, лажен полициски инспектор и самоубеден новинар, БЕВ ПОЧИТУВАН КОЛЕГА. Два дена порано му се обратив најслужбено со маил порака, откако претходно од охриѓанката Дијана Димоска добив докази дека Денесоски ја измамил, довел во заблуда и од неа противправно извлекол имотна корист. За да проверам дали Димоска ја кажува вистината, му ги проследив материјалите и го замолив да ми даде свое видување на случајот.

Стевчо Јакимовски секако без конкуренција уште сега на почетокот на годината е најголемата контроверза во оваа турбулентна година за Македонија. Со одлуката да позајми печат од Драгиша Милетиќ и да се кандидира за нов градоначанички мандат во Општина Карпош каде столува и сега, ја подигна македонската јавност на нозе. За едни e предавник, за други јунак и херој, приципиелен и прагматичен, за трети меѓу кои спаѓам и јас – класичен урбан мафијаш кој од МОРАЊЕ си го брани незаконски стеченото...

Да подсетам, година и пол бев надворешен член на Комисијата за избор на најповолен понудувач на тендерот за пасоши и лични карти. Месец дена по одлуката јавно соопштив дека тендерот е наместен, објаснив и како е наместен. СДСМ го намести во ноември 2005. ВМРО ДПМНЕ го реализираше тендерот во 2006. Во криминалот со патните исправи и лични карти се ЗАЕДНО. Ова што јавно го гледате е само една голема фарса...

Непосредно пред првиот круг на гласање припадници на СВР Тетово, во центарот на градот го уапсиле својот колега и сограѓанин Никола Тимосиевски со 28.000 евра. Надевајќи се дека брзо ќе биде пуштен по интервенција на оној кој му ги дал тие пари, Тимосиевски прво молчел. Дури откако бил притворен и документиран, на своите колеги им признал дека парите ги примил од лидерот на ДПА, Мендух Тачи...

Ниту последниот меѓународен тендер, доделен на грчка фирма, за изградба на 50-тина километри пат од Демир Капија до Смоквица (грчка граница) - не помина без голем скандал. Овојпат најдиректно е загрозена и безбедноста на Република Македонија...

Веќе најавивме дека пред македонската јавност ќе истапиме со докази за начинот на кој „функционира„ Сашо Денесоски, охридскиот измамник, манипулатор, „бизнисмен„, новинар и близок пријател и соработник на највисоки функционери на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Page 1 of 2
ПОВЕЌЕ