Web Statistics Exo - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Во Република Македонија постои привилегирана правда, дополнета со приемна на селективна, која не важи за случаи како Кујтим Мурати. Во РМ осуден како него автоматски значи и осуден на смрт ако е болен...

Пред нешто повеќе од две години дадовме докази и јасен преглед за начинот на кој ВМРО ДПМНЕ ги добива изборите и како однапред знаат уште неколку часа пред затворање на избирачките места, каков резултат имаат. А како владеат!? Описот на оваа „операција„ го имате во архивата на Буревесник, а меморијата можете да си ја освежите ако уште еднаш го прочитате текстот со наслов 

Неколкумесечниот силен притисок од Никола Груевски и Сашо Мијалков, вршен на јавното обвинителство, со цел да НЕ биде прифатена кривичната пријава поднесена од проф. Фросина Ременски, а за што неодамна јавноста беше известена преку прилозите на веб порталот Нова ТВ, не вроди со плод.

Град Охрид тргува со несреќата на своите граѓани. Охриѓани, опиени под власт на екс градоначалникот Аце Петрески, немајќи каде поради фактот дека нема резервни гробишта, своите починати ги закопуваат под услови и на начин пропишан од локална злосторничка група, раководена од тандемот Сашо Аљче-Драган Пандески. Првиот, ексдиректор на „Охридски Комуналец„, вториот директор на ЈП „Градски гробишта„ на умирање, инаку директор во заминување.

Потикнат од последниот натпис на Тони Трифуновски Седек во прилог на расветлување на вистината и на последните случувања во Карпош уште неколку информации: Во смисла на продолжениот рок за кандидирање една од најатрактивните позиции кои треба да се пополнат е онаа за кандидат на СДСМ во Општина Карпош.

Ова е сведоштво на инспектор од УБК, еден од неколку десетини неистомисленици, непослушници и неподобни за директорот Сашо Мијалков. Поминал низ специјален третман во импровизиран затвор сред психијатриската болница „Бардовци„. Еден е од оние кои работеле и сработале компликувани случаи на организиран криминал и тешки убиства кои Мијалков однапред ги одредил за нерешавање или решавање на сосема друг начин, по негов рецепт. Мојот соговорник поминал неколку месечен насилен психијатриски третман, на кој присилно е приведен и насилно лекуван од параноја и шизофренија, дијагнози какви немало со генерации во неговото семејство а не болувал ни тој.

До каде, поточно до кое дно оди политичкото и физичкото насилство на ВМРО ДПМНЕ, кристално јасен пример е Берово. Штета е штоа немаат срам, а немаат поради дивјачката бескрупулозност што ја манифестираат на секој чекор. Четири години на власт во локалната самоуправа во Берово, на градоначалничка функција го држат Драги Наџински, докажан и со пресуда осуден насилник. Ама само за клевета и навреда! Тепаа, малтретираа, уценуваа и се закануваа и пред првиот круг од овие локални избори. Само да му обезбедат втор мандат на насилникот!

Веднаш по објавувањето на продолжението на текстот посветен на погибијата на Никола Младенов, од делот на текстот „Ало Велес! Ало Телеком“ кој има индиректна врска со загинатиот основач и новинар на „Фокус“, се вознемири брачната двојка Јован и Светлана Петровски. Невообичаено за еден Јован Петровски, секогаш смирен и воздржан, хистерично ми се нафрли со писание кое соддржи и закани од типот: „... доколку не постапиш така и така, ќе морам да објавувам на други места!„ Со големо задоволство интегрално и без измени го објавувам обраќањето на Петровски до мене...

По заминувањето на директорот на БЈБ Љупчо Тодоровски во незаслужена и присилна пензија, за упразнетото високо функционерско место во хиерархијата на МВР не седна генерал Горан Стојков (како што го лажеа кадровици од ВМРО ДПМНЕ три години!). Во профитабилната фотелја седна довчерашниот началник на секторот за борба против организиран криминал во МВР, Митко Чавков.

Јохан Тарчуловски, денес хашки затвореник и за многумина македонски херој, го помина трнливиот пат од некогашното обично момче од Љубанци, случајно влетано во полиција со посредство на црквени кругови, до главна ѕвезда на ВМРО ДПМНЕ и главен предизборен адут, доколку Германија успее да им го ослободи предвремено на своите галеничиња во Скопје.

ИСПОЛНЕТО