Web Statistics Ексклузивно - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Писмени и ориентирани кон бизнис, млади луѓе од Македонија прават обиди да заработат малку повеќе отколку што тоа го дозволува бизнис амбиентот во нивната земја. Се ориентирале кон заработка преку интернет, место каде во вакви води пливаат АЈКУЛИ. Ова е сторија за еден таков ,,бизнис,, и изневерени надежи...

Сулејман Реџепи ја претворил Исламска верска заедница на криминална организација. ДУВЛО НА КРИМИНАЛ. ПРЕД ОЧИТЕ НА СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ. НО ИЗГЛЕДА НА НИВ НАЈМНОГУ ИМ ОДГОВАРА.

Da bi ljudima van Makedonije koji su juče NAPRASNO saznali iz svojih medija da je u Makedoniji pokušan DRŽAVNI UDAR, bilo jasno šta se ustvari desilo, prevodim integralno izjavu premijera Nikole Gruevskog. Ako pogledate i video snimak videćete da Gruevski čita napisan i unapred pripremljen tekst. Ni jedan jedini put za vreme osam i po godina koliko je premijer nije održao govor ,,iz glave,,, Uvek je čitao pripremljene tekstove, koje bez izuzetka piše njegov šef kabineta Martin Protufer.

Загинувањето на Гидеон Сандел на Матка за мене воопшто не е несреќен случај. Напротив! Доказ за тоа е молкот на комплетната македонска јавност, особено политичката елита на власт, ама и корумпираните медиуми. И провладините и оние т. н. „опозициони„ кои сега се прават луди и не знаат кој е Сандел. Па пишуваат за таму некој Израелец, некогаш обвинет, па суден за некаква измама.

Многумина би сакале да дознаат кој е најбогатиот кривопаланчанец и колку „трнлив„ е неговиот пат до успехот и капитал од 5,5 милиони евра, според АНКЕТНИОТ ЛИСТ, без сокриените пари под перница. Арсенчо Алексовски денес милионер потекнат од татко поп во комунизмот, завршува (купува!) диплома за правник, како добро титово пионерче и благонадежен комунист-младинец се вработува како СЕКРЕТАР во ПОС-ОСОГОВО, денешно ЈП Македонски шуми.

Орце Камчев, фамилијарниот бизнис миленик на Груевски и кумашин на Сашо Мијалков, денес продолжи со својата медиумска одисеја. Овојпат направи нова гимнастика, „продаде„ 50% од својот удел во скопската печатница „Графички центар Скопје“. „Купувач„ е српската компанија „Internet Group“, сопственик на електронскиот портал – Телеграф.

Најавата на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски и неговите колеги пратеници, доцна попладнето на 23.12. дека ќе го се обидат да спречат Собранието насилно да донесе Буџет по вкус на Никола Груевски, на премиерот му даде 14 часа предност да ги организира криминалните рекет групи од МВР, водени од автолимарот Ивица Анчевски Пуки, вгнездени во единиците „АЛФИ„ и „ЕБР„, за напад на седиштето на СДСМ...

Акцијата „Керозин„ полека но сигурно НЕ добива на интензитет во истрагата. Според мои сознанија, во Шутка е во тек „битпазарски„ тезгарски процес на преговори со главниот актер Љупчо Пецов Ѓаволот, колку и кому треба да му плати за излез на слобода, од каде треба да се брани од идно, монтирано и слабо обвинение, втемелено на злоупотреби од највеќе 60.000 евра...

Ова е сторија, раскажана од директен учесник во настаните во 2001. година во Македонија. Бил вработен како преведувач при една странска мисија и сето она што се случувало на терен во тој критичен период, го гледал во живо. За еден настан, до денес необелоденет пред македонската јавност, наивно поверувал дека треба да и се довери на Сежана Лупевска, тогаш новинар на А1 ТВ. Ја известил лично и подоцна сфатил дека таа воопшто немала намера да го стори тоа што и било професионална обврска. . .

Низ тешка и исцрпувачка и однапред промашена петмесечна истрага, македонските медиуми здружено се потрудија да избегаат од очигледните причини за погибијата на Никола Младенов. Никој, ама баш никој (освен Буревесник), не сака да навлезе во причините на неговата двокружна посета на ресторанот „Романтик“ на велешкото езеро „Младост“, не сака да навлезе во причините на средбата со оние кои го повикале.

Долга е низата на ликвидирани поединци, штетни по криминалната „агенда„ на Владата на Никола Груевски. Нема да ги набројувам по име и презиме, ги знаете сите до еден: исчезнати, „самоубиени“, претепани до смрт, „лизнати“ од карпа, загинати во сообраќајни несреќи. Дел од настраданите во првиот мандат на ВМРО ДПМНЕ „заминаа„ од овој свет помеѓу 1998 и 2002, повеќемина ги изгубија своите животи во актуелниот мандат кој трае од јули 2006.

ПОВЕЌЕ