Web Statistics Ексклузивно - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Две години и четири месеци поминаа од кобниот 9. мај 2015 кога во обид на бившата власт да инсценира мини контролирана војна со учество на платеници од Косово и да го тргне фокусот на јавноста од ,,бомбите,, на Зоран Заев, загинаа осум припадници на полицијата и десет од страна на платениците. Ова е службената верзија по крвавиот масакр во кумановско ДИВО НАСЕЉЕ...

Од Охрид добив допис од член на МВР ДПМНЕ. Детално опишува како функционира локалната екипа на Сашо Мијалков и Никола Груевски. ФАМИЛИЈАРНО, како и низ цела Македонија! Не менував ништо во дописот, за да не правам забуна. Името на авторот ќе остане тајна, за да не настрада, НЕЛИ ТАКА!?

По објавеното писмо ОВДЕ, од вработени во Македонска Навигација а. д., за случувањата во оваа институција, поточно за криминогеното однесување на Живко Поповски (татко на министерот за надворешни работи Никола Поповски) и неговиот асистент во разграбувањето на имотот и парите на М-НАВ, Николет Тагарински викан Тута Бугарин - за нивните најнови криминални дострели ни стигнаа и цврсти докази и детални сознанија како бескрупулозно крадат...

Она што денес не го знаете, а треба да го знаете, е на кои се начини Фамилијата Груевски & Мијалков ја донесоа Македонија до дереџе за да биде „освајач„ на титулата Светски шампион во МИЗЕРИЈА. Најнова вест е дека во бегство е нивниот пулен Игор Илиевски, екс државен секретар, екс амбасадор на РМ во Словенија и од неодамна екс амбасадор во Чешка. Скандал мајсторот Илиевски само ја дополнува дипломатската криминална сага за Фамилијата и се реди во ист ред со екс колега му Перо Стојановски викан Бургија...

Ниту 11 години по ликвидацијата на Марјан Тушевски и Кире Јанев, не стивнуваат бранувањата, префрлувањата вина, обвинувањата на „осомничени“ и „сигурни егзекутори“.
Напротив, со приватно-политичка одлука за одмазда врз Љубе Бошкоски, Фамилијата на власт во Македонија, водена од Мијалков & Груевски дефинитивно реши да ја пресече гранката на која седи...

Помислува ли денес воопшто дека овие негови денешни сопартијци тогаш му биле политички противници и можеле да бидат жртви поради неговата (и на Фрчковски!) налудничава политика по секоја цена да се обезбеди сигурна победа на партијата на која тогаш и припаѓаше – СДСМ. Во нивната тогашна Влада, Поповски беше министер за одбрана. Чувствува ли денес грижа на совест поради неговата тогашна нестручност, самобендисаност и ароганција, поради што неговите денешни колеги можеле да бидат жртви на неговите „посебни единици“, „ударни групи“, „снајперисти“, активирани од него со една единствена цел – по секоја цена да се обезбеди сигурна победа на тогашниот претседател Киро Глигоров и на СДСМ!?

Претстојните локални избори се шанса да заврши агонијата на жителите од општината Чучер Сандево, сместена на и под падините на соголената Скопска Црна Гора. Соголена од ,,дрварската мафија,,. Агонијата е комбинирана со тиранија, во времетраење од осум години или два мандати подарени од менторот Сашо Мијалков. За да личи на својот идол-психопат и Пејковски си нарачал уметничка слика, за (с)помен и долго сеќавање...

Случајот од 2008 година неуспешно е прикриен и уште понеуспешно покриен, за да може да напредува тогашниот полковник Методија Величковски до функцијата началник на генералштабот на АРМ, на која и сега се наоѓа. Секако дека има последици по трите малтретирани офицерки, ама кому му било гајле за тоа кога случајот бил прикриван во обид...

Нецела година наназад „главен и одговорен уредник“ во Агенцијата за обезбедување „СГС“, безбедносна сила која полека прераснува во параполициска единица, за Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар е Таир Зендели викан Коњот.

Република Македонија, земја кандидат за членство во ЕУ „што чека датум„ и никако да го дочека, има МИЗЕРНА дипломатија. Има дипломати што не примаат редовно плата, а амбасадите се во очајна состојба. Има и еден дипломат кој по разрешувањето од должноста замина во непозната насока. Игор Илиевски по заминувањето напишал две писма. Ги презентираме...

Има ли Бугарија добро разузнавање? Тема на емисијата Слободна зона, во која на 16. јуни гостуваше поранешниот шеф на бугарското разузнавање, генерал Кирчо Киров. Директен повод Киров да му гостува на водителот Георги Коритаров во ,,Слободна зона,, е повеќемесечното објавување на прислушуваните разговори во Македонија, од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев и неговите соработници.

ПОВЕЌЕ