Web Statistics Ексклузивно - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Секоја нова извршна власт си има свој утерувач, свој лош гласник. Минатата си го имаше Тони Јакимовски, шефот на кабинетот на Сашо Мијалков, му асистираше тука и таму Билјана Бришковска Бошковска, заменичка министер на правда. Оваа извршна власт си го има ,,ѓаволовиот адвокат,, Мирослав Вуиќ викан Вујке. Му асистира тука и таму Оливер Ристовски, заменик министер на правда...

Она што го суделе и пресудувале судии во Основниот суд Битола, на најочигледна штета на семејството Сивакови во случајот на насилно одземање на нивната куќа, претставува класичен модел на организиран криминал. Подземјето нарачува, судии судат како што е нарачано, а обвинителството пет години крие предмет против извршителката Николина Иванова од Битола. Еден комплетен хаос, чист пример на заробена држава каква е Македонија...

На текстот ,,Хигиеничарката од Битола,,, објавен овде во недела 12 август о.г., стигна реакција од извршителката од Оптичари, битолско, Николина Иванова. Нејзината реакција ја објавувам подолу, онака како што ми е испратена во оригинал. Бара извинување кое нема да го добие, најавува тужба која со нетрпение ја очекувам...

Љиљана Сивакова од Битола, со семејството подигнала кредит од 47.000 евра, задоцнила три рати со плаќање и паднала во мрежата на извршителската мафија. Битолската извршителка Николина Иванова, родум од село Оптичари, некогашна хигиеничарка, денес милионерка, со низа фалсификати на Сивакови им одзела имот, куќа и двор вредни околу 300.000 евра.

На мој повик на ФБ да ми пишете кој е и каде е денес Софроније Миладиновски, добив над 30-тина баш содржајни и фрапирачки. Ги објавувам подолу, во оригинална верзија...

После десетина објавени текстови за ТЕЛЕКОМ, главно фокусирани на бескрупулозниот грабеж кој зема замав до степен да веќе нема никаква контрола, еве да направам и анализа на збиднувањата внатре и на односите во компанијата, with a little help from my friends, се разбира...

Основниот суд Струмица, ставен во полна одбрана на сурија криминалци, донесе чисто криминална одлука на штета на наследничката на Пављо Филчев, Савета Петрова. Ова е случај на кој паѓа мафија локално криминално организирана, бранета од обвинителството, судот и надлежни министерства.

ТЕЛЕКОМ е компанија која си ги следи своите вработени, сите нивни комуникации, некој да нѐ забега случајно. Дел од таа комуникација помеѓу колеги е чатот што подолу го читате...

Владата, нејзините стручни служби, надзорниот и управниот одбор на ТЕЛЕКОМ, не ме удостоија со објаснувања на табелите кои ги имате во прилог со оваа објава. Или не сум достоен или немаат одговор. Но, некогаш и неодговор е посилен од било каков одговор...

Екстремно е напнато во ТЕЛЕКОМ. Назим Буши под незаконски надзор ги ставил сите вработени. Го бара кртот кој ми испраќа докази за објава. Мојот извор, инаку човек до кого доставуваат материјали за криминали во ТЕЛЕКОМ е далеку од досегот на Назим Буши. Светот смислил напад и одбрана. Буши брани неодбранливо. Всушност, поим нема што брани...

ПОВЕЌЕ