Web Statistics Егзекуторот Ристо - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Неодамна е пензиониран Ристо Зафировски, до заминување од УБК началник на Трета Управа. Типот си го помина ,,работниот,, век во директни егзекуции, нарачани државни злодела или пак како организатор на нарачки од сите власти наназад...

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Регрутиран е од Бранко Црвенковски, како извршител кој не промашува и не остава траги зад себе. Зад Ристо Зафировски е нерасветленото убиство на Спасе, сопственикот на слаткарница ,,Египет,, во ГТЦ. Дуќанот и бизнисот на убиениот Спасе го сакаше за себе Торбешот Ариф Арифовски, првиот сопственик на злогласното ,,Единство Комерц,, ДООЕЛ, фирмата во која беше реализирано првото вработување на младиот и надежен електро инженер Бранко Црвенковски. Криминалните локални избори 1996 година беа финансирани од бескрупулозниот грабеж во ЕСМ, преку ,,фризирани,, фактури во ЕСМ, каде Арифовски со ,,Единство Комерц,, беше фирма подизведувач. Неколку години пред овие избори, Арифовски со фирмата, за потребите на ЕСМ (под др Панде Лазаров и Шекеринци!) расчистуваше шут и трње и бетонираше платформи за трафостаници. За тие локални избори беа измислени милионски фактури за оваа намена, за платформи кои никаде не беа изградени, а на нив немаше трафостаници. Ги имаше книговодствено, а се испумпуваа милиони во девизи преку сметката на ,,Единство комерц,, за купување гласови.

Ристо Зафировски подоцна одеше и од подрачни единици на ЕСМ по градови, чистеше вакви валкани ,,фактури,,, да нема трага. Во ПЕ на ЕСМ во Куманово, во ,,Светлина,, криминално седиште на злогласниот пратеник од СДСМ Благој Стојковски, начекав неисчистени вакви фактури, па ги добив на неколку часови пред Ристо Зафировски да стигне на лице место да ,,чисти,, со уште е ден помагач. Тажен бил темелниот претрес во ,,Светлина,, за да се исчисти од валканите траги, прекинат во момент кога една стара мајсторинка на Ристо му кажал: ,,Џабе тресеш, помина си дете, зема си ги пишанке!,,.

После тие локални избори на Ариф Арифовски му беа пораснале акциите кај Црвенковски, па со тоа и апетитот, па посака да ја има слаткарницата ,,Египет,,. Газда Спасе немаше ни намера ни размислувал за продажба на дуќанот и бизнисот, па го ликвидираа во режија на егзекуторот Ристо Зафировски. Уште не беше Спасе оладен на оној свет а со уцена кон семејството на покојниот, ем за да нема уште мртви во акцијата за задоволување на торбешкиот апетит, Ариф Арифовски ја купи и стана газда на ,,Египет,,. Пљачката во ЕСМ преку ,,Единство комерц,, додека е светот и векот ќе остане позната под кодното име ,,АРИФОВСКИ РАБОТИ,,!

Подоцна Зафировски стана главен егзекутор на Црвенковски. Освен со мене, се пресметаа скоро со сите на кои им се намерачија. Со мене за малку! Се до момент додека во УБК не се устоличи Сашо Мијалков. Предупреден со кого си има работа, Мијалков го ,,клекна,, Црвенковски преку Наташа Савова и нејзиниот близок роднина, ,,пејачот,, Коста Јанковски викан Хиена, шверцер на цигари и бивш препродавач на јагоди, заедно со брат му Зоран Јанковски викан Чкаља. Мијалков, информиран за хобито на Савова да шмрка кокаин и да си има во посед во чантичката, за дневна употреба и частење на другарки, организираше нејзино апсење во познат кафе бар во ГТЦ. По апсењето следуваше директ носење во лабораторија на клиника, вадење крв и констатирање на промилите на дрога во нејзиниот организам, па јавување на Црвенковски за освојување на ,,трофејот,,. Како тогашен претседател на РМ, Црвенковски за шефица на кабинет ја имаше Савова. За да не поднесува оставка, па нови вонредни избори, па избор на нова претседателска будалетина, Мијалков си го зема Црвенковски за другарче, па од тогаш до денешни денови си другаруваат. На наша штета...

Еден од гестовите на благодарност од страна на Црвенковски е предавањето на егзекуторот Ристо Зафировски под контрола и ингеренции на Сашо Мијалков. Со Мијалков како нарачател, Ристо Зафировски ги доживува своите златни егзекуторски години, ужива во својата бескрупулозна работа. Важи за главен егзекутор на Сашо Мијалков во монтирање на серија случаи кои подоцна резултираа со судски процеси и драконски пресуди кон ,,маркираните,,. Посебно е заслужен за реализација на случаевите Сопот (додека владееше СДСМ во 2003!), во Ликвидатор, Шпион и други. Томислав Кежаровски, Валентин Зафиров и другите, на Ристо Зафировски можат да му заблагодарат за монтирањето случај и тежок притвор во ужасни услови.

Егзекуторот Зафировски е најдиректен организатор и на државното убиство на старецот во село Ореше, нерешливиот случај кој заврши без епилог а многумина одлежаа години и години притвор, без докази. Во случај ,,Шпион,, Ристо е оперативен подготвувач на лажни докази и автор на ,,сведочењето,, на Сашо Денесовски од Охрид, сопственик на електронскиот веб портал ,,Охрид скај,,. Зафировски го подготвувал Денесовски и за многу други акции на терен кои резултираат со наместени, ограбени и онеправдани луѓе на кои никогаш не им станало јасно што ги снашло. Немале ни поим кој ги мести. Со дадена сила на полициски моќник, Зафировски на Денесовски му дава памет лажно да се претставува како ,,Началник на УБК за Битола, Струга и Охрид,,, за што во еден предмет против него му се суди на лажниот началник за лажно претставување.

Како началник на сектор во УБК, Зафировски опуштено направил бројни злоупотреби со парите од спец касата на УБК. Поради почетната доверба од Мијалков, откако го примил близу до себе, Зафировски бил скениран и контролиран од Горан Николовски викан Џони, актуелен Директор на УБК. За време на директорувањето на Мијалков и власта на ВМРО ДПМНЕ, Џони Николовски имал роковник полн со имиња и презимиња на членови на раководството на СДСМ и опозицијата, на познати новинари и особено на колеги од УБК кои биле оценети како потенцијална опасност, па грижливо биле следени и по потреба разместувани по ниски позиции. Моментно на тие кои ги иследувал и следел за потребите на Мијалков и ВМРО ДПМНЕ. Џони Николовски им е директор.

Како човек од доверба на Мијалков, Николовски го имал до себе егзекуторот Ристо Зафировски, за извршување на валкани оперативни задачи. Денес како директор на УБК, Николовски со неговиот скриен советник од пензија, Ристо Зафировски, го реформираат УБК. Зафировски пред пензионирањето цели 11 години користел службени возила на УБК, си ги возел и службено и приватно, до пазар и до на одмор, до викендица. Без отчет искршил пет возила во сообраќајки кои никаде не се евидентирани. Бил виновен за сообраќајките па морале да ги ,,покриваат,, како да не се случиле. Секогаш добивал нова кола на услуга. А како благодарност за ефикасноста УБК и оваа држава за сите злодела му се одолжила со вработување на двата синови. Едниот ДИРЕКТ од улица станал Главен инспектор во УБК Скопје, позиција до која тешко се доаѓа и после 20 години работа во службата. А другиот во одделот за соработка со Интерпол. Сега од пензија на синовите им дава ум и инструкции, ги учи како да функционираат во рамките на МВР и УБК. Со време ќе бидат квалитетни наследници егзекутори, за да може неговата ефикасност при егзекуциите да се клонира и дуплира. Со Џони Николовски директор реформатор и тато советник во сенка, децата имаат сигурен пат до успех. Со нив и Република Македонија!

По падот на власта на ВМРО ДПМНЕ, против Ристо Зафировски била покрената истрага од неговите бивши измалтретирани и деградирани колеги кои наивно поверувале дека навистина дошол животот во Македонија. Изготвената кривична пријава веднаш била сторнирана од Горан Николовски, иако скоро извесно требало да се случи апсење на Зафировски. Спречено е од директорот Николовски, а моментно трае внатрешна истрага за да се утврди кој тоа се дрзнал да удри на Ристо. Па осоколен, Зафировски им поднел кривични пријави на колегите што го обработиле. Се очекува еден по еден да бидат одстранети до работа или разместени на понижувачки работни места, во текот на реформата што ја тера директорот Николовски. Ова за да го запомнат денот кога тргнале на Ристо!

По пензионирањето, Зафировски од викендица е активен по социјалните мрежи, со неколку десетини лажни профили, по групите кои заговараа БОЈКОТ на референдумот...

                                                          (продолжува)