Web Statistics Копачите - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Рударите/копачи од РЕК Битола на премиерот му пишале писмо...

ПОДГОТВИЛ: Зоран Буревесник Божиновски

,,ПОЧИТУВАН ПРЕМИЕР!

Ова ти го пишуваме без никакви претензии. Тоа да го расчистиме на почеток. Исто така немаме намера да те критикуваме. Каква тежина носиш и какви се тешки времиња доаѓаат си знаеш само ти, но и ние луѓето кои те поддржуваат, кои на тебе гледаат како на спасител од пеколот кој ни беше наметнат од бекруполозната банда што 11 години вршеше терор, уништуваше луѓе, фирми, семејства, буквално рушеше се пред себе. За да нема недоразбирање, ние сме бивши членови на ВМРО и симпатизери на СДСМ (верувај многу добро го знаеме и РЕК-Битола и тамошните случувања, злоупотреби и грабежи во изминатите 30 години). Ти го пишуваме ова со најдобра намера, информативно (со надеж дека сеуште си она храбро момче кое сруши невиден режим во Европски рамки) а ти ќе знаеш сигурни сме и што пишуваме и се разбира дека сето ова е вистина.

Станува збор за Битола, поточно за РЕК-Битола. Таму го стави директор Васко Ковачевски и сите негови потези (знаеш колку е алчен и гладен) директно влијаат врз рејтингот на СДСМ, твојот рејтинг и се разбира ќе направат пустош во битолското стопанство. (Нешто слично се случи од 1998 до 2002 година кога директор беше Владо Сугаревски тогашен пратеник кој направи пустош со доделување на ископите и корупцијата ја подигна на највисоко ниво и резултатот беше нула гласови за ВМРО на изборите во 2002 година).

Во изминативе 11 години главни фирми кои извлекоа стотици и стотици милиони евра од РЕК-Битола беа и сеуште се:

  • МАРКОВСКИ КОМПАНИ – сопственик Борче Марковски, десна рака на Мијалков, продолжена рака на Александар Николовски од Охрид...
  • ТРАНСМЕТ – знаеме се
  • ГП ПЕЛИСТЕР – Сиљан Мицевски „Дебелиот“ (крвникот на Битола и битолското стопанство)
  • РУДКОП – сопственикот во сенка Вангел после секое доаѓање на СДСМ на власт бега во Австралија (пепел направи во РЕК-Битола од 1998 до 2002 година, а и од 2006 наваму).

Сите овие луѓе се тешки милионери и со сета своја енергија и милиони што ги имаат се бореа да го задржат Груевски на власт, плаќаа луѓе, авиони, гласачи, медиуми да те здробат, уништат, оцрнат. Бидејќи си добро информиран, посебно сега кога сите алатки за прибирање информации се во твои раце многу добро (сигурно подобро од нас) знаеш се за погоре споменатите луѓе.

Знаеш многу добро дека МАРКОВСКИ до 2006 година беше уличар, а сега е милионер со возен парк од неколку милиони евра. Знаеш и многу повеќе од тоа. Истиот тој МАРКОВСКИ како продолжена рака на Мијалков парите ги испра во Белград, Виена инвестирајќи во згради кои сега ги издаваат и енормно го зголемуваат богатството. Кум на Марковски е ЗОРАН КИЧЕЕЦ, а кој е тој, ти многу добро знаеш (една од полугите на Мијалков за крадење и богатење). Сакаат милионите евра на Кичеец да ги исперат преку фирмата СААТ КУЛА на идните тендери во РЕК-Битола (сето ова во режија и организација на ЈОВЕ ГРОФОТ, наркодилер од Битола). Ова не е наш филм и приказна, туку реалност, а ако не веруваш само со еден телефон по случаен избор каде и да се јавиш сето ова ќе го дознаеш. И додека битолчани чекаат правда за сите (за тоа живеевме), чекаат да се расчистат криминалите и да официјално слушниме колку се милиони имаат украдено и каде се ги имаат однесено, еве ти во битолската чаршија (верувај, добро информирана) се слушаат муабети кои потсетуваат на некои мрачни времиња за кои се надевавме дека поминаа и се некако почна да личи на веќе видено.

Ќе преминеме на главното: битолската мафија на чело со Јове – ГРОФОТ кој е дел од франкфуртската мафија (лежеше затвор Германија) финансирана од погоре споменатиот Борче Марковски и Зоран Кичеец стигна до твојот брат, некои фирми од Струмица и твојот братучед Трајче и на големо се спремаат да влезат во новиот ископ во РЕК-Битола преку фирмата СААТ КУЛА од Битола (наголемо поврзана со Украина и увоз на железо од таму). Кажуват дека е тоа дирекно со твој АМИН и велат дека си рекол: АКО МЕ УСРАМИТЕ И ОЦРНИТЕ СО ВАСКО КОВАЧЕВСКИ ЌЕ СИ ДАДАМ ОСТАВКА. И уште си рекол: ЗА СЕ ШТО ТРЕБА ЌЕ СЕ ДОГОВАРАМЕ ВО СТРУМИЦА...

Јове Грофот наголемо се фалеше во Битола дека работата ќе му биди земена на ТРАНСМЕТ и за почеток ќе му биди дадена на ПЕЛИСТЕР по многу повисока цена од таа на ТРАНСМЕТ, се фалеше дека ГП Гранит и другите фирми ќе бидат елиминирани од сите комбинации и дека целата работа ќе остане чисто на ПЕЛИСТЕР (се до другиот-големиот тендер за ископ), кој пак ќе ги ангажира твоите струмичани како подизведувачи да копаат и заедно со ПЕЛИСТЕР да крадат како и досега. И така и бидна... Деновиве се растоварија од Струмица багери и камиони, Сиљан си ја доби работата за 87 денари за гигаџул (дупло поскапо од ТРАНСМЕТ), Гранит и другите фирми што конкурираа не постојат во оваа зделка, а после бандата на Мијалков како што гледаш и знаеш сега напаѓа друга банда, струмичка!!! И повторно главен играч Сиљан Мицевски. Ако не знаеше да ти објасниме: Од 1992 година ГП ПЕЛИСТЕР има извлечено од ископи и работа со машини преку 1 милијарда евра од РЕК-Битола, со секоја власт е главен играч, ГП ПЕЛИСТЕР е фирмата која најмногу го има тужено РЕК-Битола, има извлечено тешки милиони од камати и влакно не му фали од главата. И кога битолчани мислеа дека конечно дојде правда за сите и правда во РЕК-Битола со правична распределба на ископите за да сите можат да живеат, еве ти го сега веќе видено. Повторно Сиљан Мицевски и ПЕЛИСТЕР, повторно истата битолска мафија, сега појачана со струмичката и како што наголемо велат со твој АМИН. Имаш ли на ова некој коментар??? Премногу е проѕирно господине ПРЕМИЕР! Ако ти работеле зад грб и те злоупотребувале време е да превземиш нешто. Секако набрзо ќе се знае! Попусто Кочо Анѓушев (кутриот Кочо мора да вади жешки камења) кажува дека оваа цена била многу помала од порано....

И види сега каква иронија, сите оние кои 11 години правеа `ршум, МАРКОВСКИ десна рака на Мијалков, Сиљан Мицевски, Јове-ГРОФОТ прв братучед на Зоран Караџовски, сега повторно се спремаат за нов грабеж, на новиот тендер да ја вклучат СААТ КУЛА, ГП ПЕЛИСТЕР а дотогаш со ова договарање во четири очи треба да се работи (богами по убави и мрсни цени).  И сето тоа НАВОДНО одобрено од тебе (добрите познавачи велат има многу вистина во сето ова). Ние не сакаме да веруваме дека сето ова е вистина, дека толку си се променил од човекот кој бевме навикнати да го гледаме, но времето врви и многу брзо ќе биди јасно дали си дел од ова или не. Те молиме свати го ова најсериозно, провери, испитај кои се овие луѓе (знаеме дека си презафатен) и ако нешто не ти е јасно брзо ќе ти се разјасни. И не заборавај дека сите победи и порази на партиите почнуваат од РЕК-Битола. Можеш 1000 добри работи да направиш за Битола, но ако ја утнеш во РЕК-Битола се е џабе.

И за крај да немаш дилеми, ние немаме никаков бизнис интерес во РЕК-Битола, само сме премногу уплашени да не се вратат монструмите на власт (ги знаеш ти многу добро), а ако почнат вакви шеми да успеваат, верувај дека тоа ќе биде почетокот на крајот, твој лично и наш, на сите оние кои веруваа во тебе и со паѓањето на режимот видоа НАДЕЖ. Не дозволувај истите тие луѓе преку погоре споменатите извршители да се вратат. Тогаш Господ на сите нека ни е напомош.