Web Statistics ,,Кад је гага и киселина је блага...,, - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Не застанува ,,гагата,, во Центарот за управување со кризи. В. Д. директорот Агрон Буџаку се грижи да не се прекине традицијата и континуитетот од минатата деценија.

Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски


Извор од Центарот за управување на кризи ни испрати текст и докази со него, за начинот на кој со оваа јавна институција управува поранешниот пратеник и министер, сега в.д. директор Агрон Буџаку. Еве ја содржината: ,,Јавноста го памети Буџаку по продажбата на плацот во центарот на Скопје за бадијала како и поништувањето на тој договор од тогашниот премиер и неговата рехабилитација и враќање во политиката како директор на ЦУК – 2005 години (во траење од 8 месеци) и сега по неговото повторно доаѓање од октомври 2016.  Ќе ви презентирам само дел од злоупотребите

  1. ВД директорот Агрон Буџаку се потпишува со Директор – во сите службени преписки што представува - “Лажно претставување.”
  2. Готовинско плаќање – со картичка е дозволена сума во висина од 500 евра месечно, но поединечни не повеќе од 100 евра во денарска противредност. Плаќано е со картичка – готовинско плаќање на суми повисоки од 6.150 ден. (100 евра) плаќано е и по 7.170 денари (КРИВИЧНО ДЕЛО).

Само за месец март 2017 година за угостителски услуги ВД Директор от Агрон Буџаку потрошил 23.400 денари што преставува повеќе од просечна плата. Побарајте да ве информираат за месец април и мај 2017 година.

  1. Со склучување на договорот со T-mobile за 2017 година В.Д Директорот присвои 7 телефони Iphone7, 5 Телефони 5S и 2 таблета - Aple AIR, што претставува кривично дело. Вкупната вредност на овие срдества изнесува околу 8.000- 9.000 Евра.
  2. Возачот Саит Хамити вработен договор на дело во ЦУК од октомври 2016 добива плата во висина од 18.000 денари. За илустрација редовно вработен возач во ЦУК добива плата од 11.000 денари, исто така лицето Саит Хамити редовно е вработен од 2014 во ЈП Комуналец - Скопје.
  3. Фисник Сарачи – вработен во ЦУК како договор на дело од октомври до јануари 2016 како советник добива плата од 38.000 денари додека друго лице вработено ДД со исто звање-советник во ЦУК добива 24.000 денари. Од февруари 2017 година е унапреден во раководител на Сектор иако не ги исполнува условите и за време на техничка влада кога што законски не смее да има унапредувања. На истиот на крај на годината направен му е анекс на договорот на дело исплатени му се уште 13.000 денари (Како ли ги заслужи??).
  4. Без никаков патен налог или решение ги користи како свои (лични) во буквална смисла на зборот, возилота Peugeot 407 и  Sangyong Rexton (кое патем е добиено како донација од ЕУ за потребите при справување со бегалците) и неограничено право на ВЕРНА картички за гориво. Само за месец март има подигнато и потрошено 15.000 денари или со возилото Peugeot 207 има поминато околу 5085 КМ. Во месец февруари има подигнато 10.000 денари, што значи дека има поминато околу 4080 километри (Пежо 2.0 дизел, комбинирана потрошувачка 4.9 лит на 100 км, 1 литар дизел чини 50 денари или 1000 км 49 литри x50 ден чини 2450 ден. Ве замолувам и потикнувам да проверите колку има потрошено за месец Април и Мај 2017 (15.000 денари или 6100 км и 20.000 ден или 8.150 км)

Истите возила неовластено се користат и за патување во странство без  никаков патен налог или решение за патување. Исто така како советник дозволен му е телефонски лимит од 800 денари а по уредба на влада на РМ ( не го следува ) додека раководителите на сектор  (другите редовни вработени) имаа 600 денари (уредба на Влада на РМ), официјален став е дека требало да се заштеди. Лимитот редовно е надминуван и се движи од 1000-2000 денари месечно (Претставува кршење на закон). Ако пресметате ќе утврдите дека ова лице вработено со договор на дело (без никави познавања од областа на кризниот менаџмент или државна администрација) месечно ЦУК го чини најмалку 55.000 – 60.000 денари (не е пресметана амортизација на возилата). Ве охрабрувам да проверите дали и на друго место е вработен како ДД ?? ( можда во МОН )??!!

Агрон Буџаку за месец јануари (полн со празници) за гориво потрошил 30.000 денари, Февруари 10.000 денари, Март 30.000 денари и Април 30.000 денари. Пресметајте километража.( возило Mitsubishi Pajero 3.2 disel , комбинирана потрошувачка 9.8 литри на 100км. 1 Литар дизел чини 50 денари. 1000 км – 98лит x50 ден=4900 ден  или околу 6100 килиметри за 1 месец -месеци Март и Април) ВЕ ОХРАБРУВАМ ДА СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА МЕСЕЦ МАЈ??!!

Што се однесува до стручноста  ВД директорот А.Буџаку за  скоро осум месеци  има одржано само 2 стручни колегиума кои што на све личеа само немаа ни С од стручноста. Во време на техничка влада на почетокот на месец април (10-ти април) унапредени се кадри на ВМРО (со овластување) и тоа надвор од сите можни законски решенија, пример:

  • Марија Милкова –советник, се овластува да врши работи и задачи од областа на раководител на сектор (3 позиции- законски е можно едно место но не во време на техничка влада) инаку се работи за сопруга на Зоран Милков, вработен во Влада на РМ (во времето на Груевски) и експресно унапреден од советник во сега државен советник, за нецели 3 години. Има повеќе од 15 случаи каде професионални кадри се прераспоредени на други работни места (со упатување ), додека голем број се  омаловажуваат секојдневно и се под постојана закана од лицето вработено со ДД Фисник Сарачи (продолжена рака на Буџаку).

Такви случаи има уште, ВЕ ОХРАБРУВАМ ДА ГИ ИСТРАЖИТЕ.

Меѓу човечките односи се на најниско можно ниво како никогаш досега, на одредени луѓе им се прислушкува фиксната телефонија (службен) . Никој со никого не разговара, владее страв и уплашеност, додека одредени личности-неработници се мотивираат и насочуваат од ВД директорот а преку продолженатс рака- егзекутор, лицето вработено со ДД Фисник Сарачи, се омаловажуваат се навредуваат и им се закануваат со разно разни закани , од типот виде сто го снајде лицето НН и тебе исто може да те снајде итн. во тој манир.  На истиот  дозволено и овозможено му е пристап до безбедносните камерите за да може да следи кој со кого разговара е близок и сл. за да после премине во заканување од секаков вид, во случај, да се дружи, со за нив НЕПОДОБНИ. Нивното разбирање за институцијата е дека е НИВНА приватна својина каде можат да прават што сакаат И ТАКА И СЕ ОДНЕСУВААТ. Замислете, ФИСНИК САРАЧИ вработен Договор на Дело, ја претставува институцијата на состаноци на Групата за Процена и Управувачки Комитет (КОГА ВД ДИРЕКТОРОТ Е ОТСУТЕН) што може да го видите на вебот на ЦУК – http://www.cuk.gov.mk  (од 05.06.2017 год), а истиот не поседува БЕЗБЕДНОСЕН СЕРТФИКАТ и нема две чисти од управување со кризи, со што се прави огромана штета на институцијата.

КРАЈНО ВРЕМЕ Е НА ПОЗИЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ ДА ДОЈДЕ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ВО ОБЛАСТА, ЧОВЕК СО ВИСОКИ МОРАЛНИ И ЕТИЧКИ ВРЕДНОСТ, А НЕ ПОЛИТИЧАР НА КОГО НЕ МУ Е ПРИМАРНА А НИ СЕКУНДАРНА ЦЕЛ ИНСТИТУЦИЈАТА И СЕКАКО, ТИЕ ШТО ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ВЛАСТА ДА СЕ КАЗНАТ.

ВАЖНО:

ВО ПРИЛОГ ВИ ГИ ПРЕПРАКАМ И ДОКУМЕНТИТЕ ЗА СИТЕ ИЗНЕСЕНИ ПОДАТОЦИ ОСВЕН ДОКУМЕНТИТЕ ЗА МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И ТАБЛЕТИТЕ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ДОБИЕТЕ ОД Т-МОБИЛЕ, СКОПЈЕ.