Web Statistics Генерал Методија Величковски манијак, ,,спонзор,, и експерт за ,,редење,, - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Случајот од 2008 година неуспешно е прикриен и уште понеуспешно покриен, за да може да напредува тогашниот полковник Методија Величковски до функцијата началник на генералштабот на АРМ, на која и сега се наоѓа. Секако дека има последици по трите малтретирани офицерки, ама кому му било гајле за тоа кога случајот бил прикриван во обид...

Станува збор за брутално сексуално малтретирање, деградирање и омаловажување од страна на сегашниот началник на генералштабот - генерал Методија Величковски (кој во тоа време бил полковник, а после унапреден во генерал по заслуги) кон припаднички на АРМ – офицерки (ВИДИ ФАКСИМИЛИ). Ова генералиште на АРМ под јако дејство на алкохол, за време на НАТО вежба на Криволак, сексуално малтретирал и омаловажувал три од своите потчинети офицерки. Откако увидел дека го игнорираат и дека не е интересен, не е предмет на сексуален интерес како што тој очекувал дека треба да биде (оти нели е полковник, а тие се капетанки и плус им бил претпоставен - директор на НАТО вежбата а тие „само“ негови потчинети), а тие приквечер заминале во градот Неготино заедно со другите колеги од АРМ на по една пијачка и заслужен одмор, нарцисоидниот Величковски стапил во ,,акција,,. Не можел да се помири со фактот дека не бил повикан заедно со нив на дружба, па по нивното враќање во кампот истата вечер, организирал силно малтретирање и понижување кон нив пред останатите високи старешини, но и пред офицери со понизок чин и присутни професионални војници (од машки пол). На некои од нив, како на пример на командантот на Воената полиција кој исто така бил дел од вежбата, им се згадило од однесувањето на Величковски па случајот подоцна го пријавил како крајно деградирачки кон офицерската чест и углед и побарал од тогашниот командант на ЗОК - генерал Галазовски и од тогашниот Началник на ГШ - генерал Мирослав Стојановски да се формира комисија за да се испита и итно да се казни понижувачкото однесување на Величковски кон своите потчинетите офицерки.

Еве за илустрација, една реченица на алкохолизираниот Методија Величковски во ,,акција,,, цитирам: ,,Има ли македонски кур што ќе ги ебе оние ороспии што се заклучени горе во соба или треба да го пратам војникот да ја искрши вратата и да им правиме реденка. Само не знам кој прв да биде, зашто ако бидам јас прв другите нема да има потреба да се редат...,, (алудирал на тоа колку е по-потентен во однос на другите присутни офицери). Или на пример кога им се обраќал на колешките-офицерки ги навредувал со зборовите: ,,побегуљи, знаат ли вашите сопрузи дека вие си „уживате“ со други мажи во Неготино, дека вие сте срам за македонското семејство!?,,... Генерал Мирослав Стојановски, односно неговиот шеф на кабинет Зоран Стрејкиќ формирал тричлена комисија за испитување на настанот. Во комисијата претседател бил сегашниот Директор на ГШ на АРМ (и тогаш и сега генерал) Димче Петрески. Тој денес му е потчинет на Величковски, а во тоа време бил негов претпоставен како командант на првата бригада. Величковски за време на истрагата смислил одбрана дека офицерките биле во бегство, биле дезертерки (!!!) и затоа тој морал да ги дисциплинира како потчинети по ранг, но притоа заборавил дека имало многу сведоци на настанот кои биле спремни да ја кажат вистината. Инаку сите што биле на терен знаат дека после секој работен ден старешините излегуваат во Неготино и тоа не бил никаков престап туку најнормална работа. Заради одбрана на насилникот Величковски било смислено дека ова е тежок престап рамен на дезертерство. Но и покрај прибраните изјави од сите учесници на вежбата, под образложение дека има само три (?!) изјави од капетан Костадинова, капетан Ефтимова и поручник Симонова, каде се тврди дека Величковски сексуално ги омаловажил и малтретирал офицерките, постапката од страна на генералот Димче Петровски била запрена. Прашувам, а со години прашуваат и колегите на малтретираните офицерки: колку изјави од колку присутни офицери и биле потребни на ,,ДИМЧЕВАТА„ комисија за да се потврди тоа што не сакал да го слушне?

Јасно е дека однапред било решено од ,,горе,, случајот да биде прикриен, никој од Величковски да не бара одговорност, да му се овозможи напредување до генерал и еве до началник на генералштабот на АРМ, а за офицерките било однапред решено да бидат прогласени за колатерална штета. Сето ова се случувало додека траела НАТО вежба, што е само отежителна околност која отсликува каква личност денес има Република Македонија на чело на својата армија. Со неказнувањето на Методија Величковски во 2008 година за овој грозоморен чин, му било овозможено да напредува до денешните височини. Преседан на штета на РМ е унапредувањето на Величковски после овој скандал во генерал, како да сторил херојски чин. Наместо одговорност за него и неговите заштитници и прикривачи, тој добил унапредување. Испаѓа дека бил награден за својата мачо акција во Неготино.

Прашање е како Величковски после овој скандал сите овие години носи униформа, како може да ја води армијата, како може да се претставува како генерал, со кој образ го носи овој чин? Прашање е и дали Величковски му возвратил подоцна на прикривачот генерал Димче Петровски од пензионирање? До кога ќе се толерира овој башибозук во врвот на АРМ? Зошто запирањето на постапката ја одмолчал генералот Мирослав Стојановски како тогашен началник на генералштабот? Се запрашал ли некој од нив зошто една од сексуално омаловажуваните офицерки ја напуштила АРМ после скандалот?

 И тоа не е се од Методија Величковски. Кога веќе се спасил од казна за скандалот во Неготино во 2008 година, со слично ,,темпо,, и на малку понежен начин продолжил во 2002 година. Додека бил на должност во СЕЕБРИГ (југоисточна европска бригада) на НАТО во Констанца, Романија (2002-2004), имал љубовна романса со Романката Људмила Т. Живеел со неа во стан платен од АРМ, ги споил сегашниот командант на инжинерискиот батаљон на АРМ, потполковник Васил Митевски. Иако од Величковски е награден со командна функција во АРМ за успешното ,,посредување,,, Митевски сепак со години го озборува генерал Величковски зад грб и раскажува експлицитни детали од врската на која кумувал. Поради ова Величковски е изложен на долгогодишен подсмев во АРМ, обележан како пример за рушење на авторитетот на носител на највисок чин во армијата.

Eдноставно, маркиран како СПОНЗОР...


Пишува: Зоран Божиновски