Web Statistics Ексклузивно - Burevesnik
Macedonian Albanian English

,Примав лекови од Пановски. Ме лажеа три години дека сум болна од Мултиплекс Склероза, примав Авонекс. Верувал или не, без бар код. Ги прекинав на своја рака, имав страшни нус ефекти. Но, ги примав три години. Се плашам да објавам, пријавив и после дадов изјава во ОЈО.,,, ми пишува измамена пациентка...

Во мај 2013 година од страна на инспектори од СВР Битола, по неколку месечна истрага, после прибирање на многу докази за сторен криминал, по два распити на извршителката од Битола, Николина Иванова, до ОЈО Битола против неа поднеле кривична пријава. Ниту 5,5 години подоцна, поради корупција пријавата не е процесуирана...

Централниот регистар на РМ на бившата власт и служеше за легализација на криминал со регистрација па бришење на илјадници фирми низ кои поминал криминал за исцицување на пари од Буџетот. На оваа власт ЦРМ и служи и за таа и за друга намена – за перење коли на диво...

ОЈО Битола во низата мега случаи кои долги години не ги решава и кои поминале низ рацете на речиси сите обвинители, го одолговлекува и случајот ,,СИВАКОВИ,,. Иако од мај 2012 има кривична пријава од СВР Битола против извршителката Николина Иванова, обвинителот Сулејман Алијевски не сака да го работи предметот...

Во подготовка е местење на тендер за телефонска централа за потребите на Владата на РМ, целата техничка документација е напишана наменски за еден производител и фирма која мора да го добие тендерот...

Неодамна е пензиониран Ристо Зафировски, до заминување од УБК началник на Трета Управа. Типот си го помина ,,работниот,, век во директни егзекуции, нарачани државни злодела или пак како организатор на нарачки од сите власти наназад...

Секоја нова извршна власт си има свој утерувач, свој лош гласник. Минатата си го имаше Тони Јакимовски, шефот на кабинетот на Сашо Мијалков, му асистираше тука и таму Билјана Бришковска Бошковска, заменичка министер на правда. Оваа извршна власт си го има ,,ѓаволовиот адвокат,, Мирослав Вуиќ викан Вујке. Му асистира тука и таму Оливер Ристовски, заменик министер на правда...

Она што го суделе и пресудувале судии во Основниот суд Битола, на најочигледна штета на семејството Сивакови во случајот на насилно одземање на нивната куќа, претставува класичен модел на организиран криминал. Подземјето нарачува, судии судат како што е нарачано, а обвинителството пет години крие предмет против извршителката Николина Иванова од Битола. Еден комплетен хаос, чист пример на заробена држава каква е Македонија...

На текстот ,,Хигиеничарката од Битола,,, објавен овде во недела 12 август о.г., стигна реакција од извршителката од Оптичари, битолско, Николина Иванова. Нејзината реакција ја објавувам подолу, онака како што ми е испратена во оригинал. Бара извинување кое нема да го добие, најавува тужба која со нетрпение ја очекувам...

Љиљана Сивакова од Битола, со семејството подигнала кредит од 47.000 евра, задоцнила три рати со плаќање и паднала во мрежата на извршителската мафија. Битолската извршителка Николина Иванова, родум од село Оптичари, некогашна хигиеничарка, денес милионерка, со низа фалсификати на Сивакови им одзела имот, куќа и двор вредни околу 300.000 евра.

На мој повик на ФБ да ми пишете кој е и каде е денес Софроније Миладиновски, добив над 30-тина баш содржајни и фрапирачки. Ги објавувам подолу, во оригинална верзија...

ПОВЕЌЕ