Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Во февруари 2016 Божидар Јанковски викан Бобо, долгогодишен директор на ДАЈНЕРС Македонија, од ЈО на РМ беше осомничен во аферата ,,КИРИЈА,,. Наводно си издавал сам на себе станови под кирија. За фалсификат диплома од ДУТ и фалсификат магистратура од Правен факултет на УКИМ, не беше обвинет. Веројатно за предвреме да не заврши кариерата на неговата сопруга Радмила Шекеринска...

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Имам силни индиции дека Божидар Јанковски викан Бобо, долгогодишен директор на ДАЈНЕРС Македонија, откако на 43 години се сетил после напад на дополнителна памет да студира, се ,,запишал,, на Државниот универзитет во Тетово и ,,завршил,, економија,,, со ептен висок просек до 6,9. Се разбира дека Јанковски не студирал и се разбира дека не се појавил во Тетово да студира и се разбира дека дипломата му е фалсификат. Најнеук просветен инспектор да изврши најпроста проверка на начинот на кој Јанковски ,,студирал,, ќе констатира дека дипломата по завршени економски науки на Божидар Јанковски е ЧИСТ ФАЛСИФИКАТ. Најнеук инспектор од прво читање на неговото студентско досие гледа дека никаде ги нема датумите кога полагал испити, а со ептен проста проверка и увид во патните исправи на Божидар Јанковски и на професорите на ДУТ кај кои ,,полагал,,, ќе се утврди дека има цврсти докази дека на датумите кога ,,полагал,, во Тетово или Јанковски или тој или некој од професорите бил во странство, барем еднаш. Со друга, уште попроста проверка на студентското досие на Божидар Јанковски, се чита уште еден индикативен датум, ,,дипломирал,, на негов роденден на 06 јули 2010, на 48 годишна возраст.

Тврдам дека дипломата му е роденденски подарок од ДУИ, партијата што го контролира ДУТ, тврдам дека дипломата е ОТРОВНА ЈАДИЦА која ја голтнал Јанковски по совет и во име на неговата сопруга Радмила Шекеринска, тогаш и денес втора по сила фигура во СДСМ, а денес втора фигура по сила во Република Македонија. ДУИ инвестирале во Божидар Јанковски, за да си имаат клуч да си ја отклучуваат и заклучуваат Радмила Шекеринска, онака како ќе им одговара во период кога ќе дојде време за тоа (Пржино 1, Пржино 2, составување на актуелната Влада и манипулација со неа). И да си ја играат како ќе посакаат, разбира се...


Божидар Јанковски викан Бобо, не застанал на ,,дипломирањето,, на ДУТ по економија со 6.9 просек и дипломска оценка 9, туку поради хаосот во кој е доведен ДАЈНЕРС Македонија, каде долги години директорува и особено хаосот во кој долги години се наоѓаше ДАЈНЕРС Србија (лани експлодираше скандал таму, со стечај и сешто нешто попат!), морал и да МАГИСТРИРА. Во ДАЈНЕРС Србија до хаосот со ланскиот стечај ,,оперираше,, венчалниот кум на Бобо и Радмила, Обрад Сикимиќ. Ланските случувања во ДАЈНЕРС Србија се доказ дека БОБО добро ги предвидел бурните настани во кумовскиот ресор, па ФАЛСИФИКАТНАТА МАГИСТРАТУРА на УКИМ на Правниот факутет во Скопје во 2013 година е доказ дека на време ќе се ,,чисти,, од ДАЈНЕРС и преку неговата сопруга и СДСМ сервисот за исполнување на приватни желби, може да се впушти и во идна блескава дипломатска кариера. Зошто не амбасадор, некаде каде на раат ќе може да се одмори од долгогодишната лажна кариера, исполнета со скандали во Македонија? Божидар Јанковски викан Бобо, на правниот факултет ,,Јустинијан ПРИМА,, е примен на магистерски студии како дипломиран економист, претходно морал неговата фалсификувана диплома од Тетово т. е. Уверението дека завршил економски студии во Тетово, да ја преведе на македонски јазик. За деканот Борче Давитковски да го прими на МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ. Мала несреќа е што на Правниот факултет прво бил ,,примен,, на мастер студии по НОВИНАРСТВО, па морал молба да пишува да биде префрлен на Економија, отсек ДЕЛОВНО ПРАВО. Како запишал ДЕЛОВНО а магистрирал ФИНАНСОВО ПРАВО не сака никој да објасни.

Сето ова што го пишувам под наводници е затоа што имам цврсти сознанија, после контакт со тројца профеори од ,,ЈУСТИНИЈАН ПРИМА, кои ми тврдат дека Јанковски не стапнал на факултетот, не полагал ниеден испит. Ова и не е тешко да се докаже! Доволно е да се ангажира ГРАФОЛОГ почетник, тој лесно ќе констатира дека ,,про форма,, пополнувањето на сите формулари од ,,упис,, до ,,магистрирање,, е дело на еден човек. Сомнежот паѓа на синот на САВО КЛИМОВСКИ, проф Александар Климовски, кој требало на Јанковски да му биде МЕНТОР за магистерските студии, а всушност му бил ЗАПИШУВАЧ, ПОЛАГАЧ и МАГИСТРИРАЧ. Дипломата за завршени магистерски студии, проф Борче Давитковски, како ДЕКАН свечено ја заверил со свој личен потпис и печат на Уверението и дипломата, исполнета исклучиво со оценка 10. Не признавал генијалецот ништо под 10. ,,БРИЛИЈАНТНИОТ,, магистер Божидар Јанковски викан Бобо, после тешкотиите да заврши Економија во Тетово, каде се мачел и со албанскиот јазик кој не му е мајчин, ете на 50 години ,,запишал,, магистерски студии (6 март 2013). Малку е крајно НЕПРИЈАТЕН податокот дека магистерските студии 2012/2013 година, Божидар Јанковски викан БОБО ги запишал дури во март 2013, ама поради неговиот екстремно висок интелектуален капацитет за ДЕЛОВНО ПРАВО, едноставно МОРАЛ тогаш да биде примен, во мај 2013 МОРАЛЕ сурија професори без никаков срам да го заверат кандидатот за МАГИСТЕР, за да може да МАГИСТРИРА ФИНАНСОВО ПРАВО истата 2013 година, веќе во месец декември, како ВУНДЕРКИНД на свои 51 години!!! Нели во Македонија сѐ е можно!?

Што ќе рече, Божидар Јанковски викан БОБО, она за што не бил способен да го заврши на 23, 24, 25 до 30 години, после напад на дополнителна памет, дипломирал и магистрирал на свои 50 години. Пак тврдам дека и дипломата за завршен факултет и магистрирањето му се ЧИСТ ФАЛСИФИКАТ! Тоа што се подготвил да стане дипломат и да бега од финансиските злоупотреби во ДАЈНЕРС Македонија е негов личен и особено голем проблем за неговата амбициозна сопруга, Радмила Шекеринска. Особен и крајно тежок проблем е податокот од биографијата на Божидар Јанковски во која самиот си впишал дека дипломирал економија во 2010 година, а магистрирал во 2013 година. НО, впишал и дека е директор на ДАЈНЕРС Македонија од 2000 година до денес, што е невиден НОНСЕНС и податок за посебна анализа. Самиот си признава дека во ДАЈНЕРС Македонија, кое е финансиско друштво, Јанковски полни ДЕСЕТ години директорувал со диплома за завршено средно образование! Како го толерира(ле) НБРМ и министерството за финансии е тема за ептен посебна анализа, затоа што Јанковски таков необразуван каков што си бил и останал, со несоодветно образование има(л) пристап до сензитивни податоци од ДАЈНЕРС Македонија со која раководи, има пристап до податоци на коминтентите, на правните лица со кои работи и соработува. Во нормални држави, ваквите ,,директори,, се соодветно санкционирани, а особено се подложни на кривично гонење откако ќе се појави и најмала можност дека ваков ,,директор,, и теоретски а да не зборувам за практичната можност, е подложен на финансиски уцени и незаконски постапки за да не се откријат мрачните тајни за необразованоста. Ама, во Македонија ова не важи затоа што Јанковски е сопруг на Радмила Шекеринска, кривично недопирлива функционерка од својата најрана младост до денес. Моите соработници со кои ја работам оваа тема ми тврдат дека ќе останала недопирлива и после овој скандал...

За потребите на објава на овој текст се обратив за изјава прво до Јанковски, никаков одговор не добив. Решил да ме игнорира и да молчи. Се обратив до Државната просветна инспекција со маил до скоро стотина просветни инспектори истовремено, одговор немам, а добив само едно анонимно мислење, со молба да не го објавувам името на авторот. Се обратив до МВР со маил порака во која изразив сомнеж за фалсификатите на Јанковски, одговор од МВР немам. Се обратив до министерката за образование Рената Десковска, одговорот го имате подолу во продолжение. Се обратив до професорите Димитар Гелев, Александар Климовски и Весна Пендевска (членови на Комисијата за магистратура). Краток одговор добив од Гелев, малку подолг од Давитковски, од Климовски и Пендовска немам никаков одговор. Еве ја содржината на добиените одговори:

Рената Треневска Десковска, министерка за образование и наука:

,,Во врска со прашањето што ми го пративте ве известувам дека МОН нема надлежност да проверува фалсификат. Тоа е надлежност на МВР. Тоа можете да го видите и при неодамнешниот случај со фалсификат на диплома од ФОН на некој професор од Универзитетот во Свети Николе. МВР си ја водело акцијата, бидејќи фалсификат на диплома е фалсификат на јавна исправа. Од друга страна, доколку имате сомневања во постапката која се спровела на факултетот, тогаш треба да се обратите до Државната просветна инспекција (ДПИ) кои се посебен орган од МОН. Ние единствено имаме податоци за тоа дали програмата која се студира е акредитирана и дали за неа е издадено решение за почеток со работа. И такви информации даваме по барање на лица кои завршиле во Македонија, а треба да спроведат постапка за нострификација во некоја друга земја. Притоа им потенцираме дека го проверуваме само тоа. Адреса за прашањата кои ми ги поставивте се МВР и ДПИ...,,

Од МВР и ДПИ пак молк, не добив никаков одговор за моите прашања!!!

Димитар Гелев, професор на ,,Јустинијан ПРИМА,,:

,,Обрати се до министерство за образование, Гелев...,,

Проф Борче Давитковски, декан на Правниот факултет во 2013 година:

,,Во врска со вашето прашање да ги коментирам посочените документи кои ми ги доставувате, ве известувам дека:

1. Во момент на пријавувањето на Конкурсот за мастер (како и во овој момент), кандидатот поседува диплома издадена од Економскиот факултет при ДУТ

2. Правниот факултет не е надлежен да ја цени валидноста на било која диплома и согласно другата документација Колегиумот на Мастерот го има примено Јанковски

3. Сѐ што се случувало понатаму во рамките на мастер програмите по Деловно право од каде што е направен трансфер на мастерот по финансово право, потребно е да се разговара со раководителите на тие програми, проф др Димитар Гелев и проф др Весна Пендовска

4. Можете да разговарате и со менторот проф др Сашо Климовски, како и со останатите членови на Комисијата за оценка и одбрана на магистерската теза

5. Сакам да истакнам дека целата постапка на Правниот факултет е во рамките на Законот и подзаконските акти на УКИМ, што се потврдува и со Записникот на Државниот просветен инспекторат, кој инспекцискиот надзор го заврши без никакви укажувања или незаконитости

6. Јас како Декан во тој период морав да го потпишам Уверението за завршен втор циклус студии

7. Колку што ми е познато исто таков инспекциски надзор е спроведен и на Економскиот факултет при ДУТ, но немам информација за исходот на истиот

8. Доколку Државниот просветен инспекторат ја ,,поништил,, дипломата од Економскиот факултет при ДУТ, тогаш ќе настане сосема друга ситуација!,,

АНОНИМЕН државен просветен инспектор:

,,Се надевам најпрвин дека ќе ја разберете причината зошто сакам да останам анонимен за пошироката јавност. Според документите на Божидар Јанковски, во барањето кое го доставил на 21 мај 2013 година тој лажел дека дипломирал на Економски факултет на УКИМ во Скопје, кога е јасно дека дипломирал на ДУТ во Тетово. Од друга страна, од Уверението од ДУТ за положени испити издадено на 29 октомври 2010 година се гледа дека имал 219 ЕКТС кредити а не 240 колку што е предвидено за да добие диплома за VII/1 степен. Во Уверението за магистрирање се вели дека имал 300 ЕКТС кредити што не е точно. Имено, 219+62 од постдипломските студии е еднакво на 281 ЕКТС кредит. Не коментирам КАКО Јанковски ги положил испитите на 3, 4, 5 и 6 јуни 2013 година. Како да е ГЕНИЈАЛЕЦ!? На 05 јули 2013 година Деканот на Правен факултет донел одлука за подобност на темата, а во Извештајот од 19 септември 2013 година се вели дека Одлуката за подобност на темата е донесена на 31 мај 2013 година. Понатаму, во истиот Извештај се вели дека Комисијата за одбрана е формирана на 5 јули 2013 година, а во документите се гледа дека Одлуката за формирање на Комисијата е донесена на 4 септември 2013 година. И уште нешто: цело време Јанковски бил на Деловно право, а на крај станал магистар по Финансии и финансиско право. Мислам дека засегнатите ќе се потрудат ова со сета сила со која располагаат, да го ЗАБОШОТАТ...,,

Се обратив и до ДАЈНЕРС Македонија каде Јанковски директорува од 2000 година. На нивната веб адреса имаат линк до ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА. Пријавив и добив најневеројатен можен одговор, го пренесувам како што ми е испратен:

,,Ве известуваме дека примениот документ не претставува односно не се однесува на пријава од укажувач согласно Законот за заштита од укажувачи.,,

МОЈ КОМЕНТАР: во ДАЈНЕРС Македонија мене не ме перцепираат како УКАЖУВАЧ, а фрапантно е дека законот за укажувачи го третираат како заштита ОД укажувачи. Дали е јазична грешка или поставиле заштита која ги штити ОД укажувачи, не е мое да коментирам...

Како што не сака да коментира ни БОБО...

                                                                                             (ќе има уште)