Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Денес веројатно нема да ви се верува, ама на 18. Март 2011. по мое службено маил обраќање до Сашо Денесоски, повеќекратен измамник, мешетар, даночен затајувач, градежник, јавно-приватен партнер на Општина Охрид и Аце Петрески, лажен полициски инспектор и самоубеден новинар, БЕВ ПОЧИТУВАН КОЛЕГА. Два дена порано му се обратив најслужбено со маил порака, откако претходно од охриѓанката Дијана Димоска добив докази дека Денесоски ја измамил, довел во заблуда и од неа противправно извлекол имотна корист. За да проверам дали Димоска ја кажува вистината, му ги проследив материјалите и го замолив да ми даде свое видување на случајот.

Нарекувајќи ме ПОЧИТУВАН КОЛЕГА, ми го даде следново објаснување:

Го добив вашиот допис во врска со некоја си госпоѓа Дијана Димоска. Личноста ја познавам како ќерка на Јован Димоски, екс сопственик на пропаднатата штедилница Лавциод Охрид. Изнесените наводи се тотална невистина и немам намера да се правдам. Со нејзиниот татко водам спор пред Основниот суд во Битола и немам никаква намера да се правдам на докажани криминалци кој дебело опљачкаја во Охридско -Битолскиот регион. Аферата на пропадната штедилница Лавци тежеше и сам знаеш 100 милиони марки. Колега, немам намера да се мешам во твојот портал и во твојата уредувачка политика, што мислиш дека треба да објавиш објави слободно, од моја страна нема никаков проблем, едноставно сум чист и нормално доколку се изнесат невистини јас ќе си ја бранам мојата чест и углед.

Со почит, Денесоски Сашо, новинар...

Веќе од овој одговор на Денесоски сфатив дека воопшто НЕ Е ЧИСТ! Ама следните денови се обратив и до ТРОЈЦА полициски инспектори од СВР Охрид за да се уверам што е што и за да видам дали некој од нив ќе му пренесе дека сум се распрашувал и како ќе реагира. Се разбира дека еден од нив му пренесе од збор до збор што сум се распрашувал и Денесоски не издржа па почна да ме бара телефонски. Прво беше учтив и смирено молеше да не објавувам ништо, ама откако сфати дека не се откажувам тргна да се заканува, да ме навредува (со вокабулар каков сега користи на порталот „Охрид Скај„, исплашен за својата натамошна судбина!). На моменти викаше на телефон на сиот глас, од петни жили. Сфатив дека е во голем проблем. Арно ама, Денесоски поим немаше дека еден од тројцата инспектори ме посоветува следно: „Зоране, не објавувај ништо од тоа што ти пратила Димоска, почекај да ја довршиме истрагата против Денесоски, ќе влетаат в мрежа многу крупни риби, од Аце Петрески надолу во Општината. А што е за нас важно, ќе ни се симне од врат и началникот на Централните полициски сили, Јордан Размоски, долгогодишен заштитник на Денесоски. Остави не објавувај ништо, Денесоски е на пат да ги повлече во амбис Размоски и Петрески, Охрид ќе се спаси од нив двајца„.

Го послушав инспекторот, златен совет ми даде. Размоски беше брзо пензиониран и одстранет од полицијата, неговата партија ВМРО ДПМНЕ го одстрани и од политичкиот живот и му даде на знаење да не ја ни сонува градоначалничката кандидатура. А Аце Петрески, патронот и бизнис компањонот на Сашо Денесоски, на локалните избори тежок и катастрофален пораз од др Бакрачески. Највеќе заради дружба со разни Денесовци, Брачки, Фармаковци, Алчиња и слични. Златниот совет од инспекторот кој ме поучи да си молчам уште малку и да оставам да се расплете криминалното коло во Општина Охрид, го послушав, и веќе месец дена подоцна, во април 2011. СВР Охрид против сурија општински раководители врзани и испреплетени во финансиски интереси со Сашо Денесоски поднесе кривична пријава за тешки кривични дела. Со пријавата се опфатени двајца раководители на одделенијата за сообраќај и за комунални дејности во локалната самоуправа, групацијата „Денесоски“ и нејзиниот раководител Сашо Денесоски, а опфатени се и вработени во локалната самоуправа, сите членови тендерската и на надзорната комисија, како и против еден комунален инспектор, едно лице за надзор и двајца референти за сообраќај и улици. Целата оваа охридска локалносамоуправна криминална група злоупотребувајќи ја службената положба и нивните овластувања, фалсификувале документација со цел Денесоски незаконски да добие тендер, а патем прекршиле и серија членови од кривичниот закон: Уништување на деловни книги, соизвршителство, злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и несовесно работење во службата.

Во пријавата од СВР Охрид понатаму се вели: Пријавените-вработени во локалната самоуправа, во текот на 2008, 2009 и 2010 година, со умисла, со искористување и неизвршување на службената должност и со пропуштање на должен надзор, на пријавениот Сашо Денесоски и неговото трговско друштво за градежништво-групација „Денесоски“, им овозможиле стекнување со против-правна имотна корист од вкупно 4.937.032 денари, а на штета на буџетот на општината Охрид. Тоа го направиле по веќе објавени јавни повици-тендери, за потребите на општината Охрид и селото Пештани, за поплочување на тротоари и пешачки патеки, му дозволиле на Денесоски да изведува работи спротивно на договори и вон тендерска постапка, како и да испоставува фиктивни фактури, а потоа и да ги наплаќа од Oпштината. Раководителите на одделенијата за сообраќај и за комунални дејности, ги потпишувале и со службен печат ги заверувале фиктивните фактури, кои до нив ги испорачувал пријавениот Сашо Денесоски иако знаеле или морале да знаат дека тие содржат невистинити податоци, а дел од нив се однесуваат за веќе еднаш изведени градежни работи за поплочување на тротоари и пешачки патеки од други субјекти и дека дел од тротоарите и пешачките патеки веќе биле завршени и поплочени со бекатон плочки. Пријавените членови на комисијата за јавни набавки спротивно на законот, на пријавената „групација Денесоски“ и нејзиниот раководител Сашо Денесоски им овозможиле добивање на тендер а пријавените членови на надзорниот орган, со пропуштање на должен надзор свесно се потпишале на градежните ситуации, без постоење и надзор во градежен дневник, во кој пријавениот Денесоски внел невистинити податоци. Пријавениот комунален инспектор и референтите за сообраќај и улици свесно му дозволиле на Сашо Денесоски да отстапи од предвидените договори и да изврши поплочување на тротоари со бекатон со поинакви карактеристики, кои се поевтини за најмалку една третина од предвидениот бекатон во боја, како и да го надмине договорениот буџет за изведување на градежните работи.

Во 2010 година, двајцата пријавени раководители на пријавениот Денесоски му дозволиле да биде избран и да изврши поплочување на тротоарите на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, кои од друга компанија веќе претходно биле поплочени во 2007 година. За истата улица, во 2008 година, иако не била дел од тендерската документација и склучени договори за НАВОДНО поплочување на 690 метри квадратни, од страна на пријавеното трговско друштво групација „Денесоски“ и нејзиниот раководител, пријавениот Сашо Денесоски биле испоставени фактури во вкупна вредност од 528.828 денари.

Истата групација во 2010 година, од страна на пријавените раководители од локалната самоуправа, добила дозвола за поставување на вкупно 1.430 метри квадратни црвени бекатон плочки на улицата „Даме Груев“ и истите да ги фактурира по цена од 800 денари за метар квадратен, што било спротивно на тендерскиот договор, според кој тротоарите требало да се поплочат со бекатон плочки во натур сива боја по цена од 480 денари. Со тоа, на пријавениот Денесоски и неговата групација за градежништво им овозможиле да се стекнат со против-правна имотна корист од 457.600 денари. Пријавениот Денесоски во текот на 2009 и 2010 година, во четири деловни книги-фактури испоставени од неговата групација за градежништво до општината Охрид, внел невистинити податоци и со свој потпис и печат ги заверил и изготвил, како да биле изведени градежни работи иако истите никогаш не биле извршени. По тој основ, со исплата на средства од локалната самоуправа, по наведените фактури, Сашо Денесоски остварил против-правна имотна корист од 745.393 денари, а на штета на буџетот на општината Охрид.

И тоа не е се. Измамникот Сашо Денесоски има кривична пријава и затоа што во текот на 2008, 2009 и 2010 година, во својство на сопственик и управител на правниот субјект градежна групација „Денесоски„, со намера да прибави противправна материјална корист, водел фиктивно сметководство, делумно се обезбедувал со фиктивни фактури, до УЈП Охрид не поднесувал ДДВ пријави или ги поднесувал со невистинити податоци, противправно подигал жирални средства од сметката на правниот субјект во деловните банки кои биле незаконски разкнижувани по повеке основи, без притоа да поседува соодветен документ. Со овие но и со неколку други противправни дејства, пријавениот Денесоски во посочениот период го оштетил буџетот на Република Македонија за вкупен износ од 1.735.189 денари и противправно ги прибавил за себе. Во текот на 2009 и 2010 година, иако знаел дека неговата фирма е неспособна за плаќање, со намера изиграл неколку доверители-добавувачи на бехатон плочки. Денесоски со измамнички дејствија во книговодствената евиденција, наместо да ги плаќа обврските кон доверителите во износ од 2.625.053 денари ги подигнал во готово од жиро сметка и лично, фиктивно ги евидентирал како материјални трошоци во износ од 3.615.500 денари во 2009 и 3.314.800 денари во 2010 година.

Во текот на 2009 година, пријавениот Денесоски во книговодството употребил невистинита деловна исправа-фактура од друг деловен субјект, во износ од 190.549 денари со намера да евидентира набавка на материјал и искаже влезен ДДВ со право на одбиток од 29.066 денари. Со измамнички дејства и лажно претставувајќи се дека е вработен во Министерството за внатрешни работи, пријавениот Денесоски оштетил повеќе доверители на неговиот правен субјект за вкупен износ од 2.500.000 денари и ја прикрил односно ја уништил деловната документација која законски бил обврзан да ја чува.

Врз основа на оваа серија кривични дела кои не можат да се добројат колку многу ги има, СВР Охрид го приведе на распит Сашо Денесоски и пред да биде изведен пред истражен судија и да биде спроведен во притвор, по интервенција на Јордан Размоски и Аце Петрески, двајцата најдиректно инволвирани во сите негови криминални акции, е посоветуван, цитирам: „да падне болен, да му се слоши, па да го вадат преку болница„. Денесоски тоа и го направи, па вешто во полициската станица инсценира срцев напад и по целиот театар во СВР Охрид и хоспитализација во охридската болница, успеа да остане на слобода. Беше најавил потоа дека, цитирам: „Веднаш откако ќе ми се стабилизира здравствената состојба ќе се вратам на работните обврски во порталот каде сум уредник и ќе објавам серија текстови за местенките кои ми ги прави полицијата, а за случајот ќе ги запознам сите странски амбасади. Најавувам и приватни тужби против Канал 5 ТВ и против одредени лица.„

Треба ли сега да подсетувам дека немаше ниту текстови за местенките од страна на полицијата, немаше ниту збор до странските амбасади, како што нема ниту приватни тужби против никого. Театарот го оддржа на слобода од тогаш до денес, а му останаа активни целата колекција кривични пријави за делата кои погоре се набројани и за многу други наназад десетина години, за исти или слични кривични дела. Неговото оддржување на слобода и сите глупости кои во континуитет го правеше до штотуку завршените локални избори, градоначалникот Аце Петрески, соучесник во криминалот на Денесоски и негов силен поддржувач, го чинеа тежок пораз. За да го докусури Петрески, Денесоски кој има „долгови„ и кон Размоски и ВМРО ДПМНЕ, сред кампања предизвика и инцидент со екс директорот на „Охридски Комуналец„ Сашо Алче. Тој инцидент, одигран и инсцениран во штаб на СДСМ, Денесоски контра Сашо Алче го одигра така што на СДСМ Охрид им нанесе дополнителна штета во ионака трагикомичната кампања која им заврши со катастрофа. Малку поголема штета на Аце Петрески и на СДСМ, измамникот и даночен затајувач Сашо Денесоски им нанесе во координација и соработка со баџанаците, екс сопственикот на кафетерија „СЛАВИЦА„ Оливер Смиче и Коле Карабигомала. За ова ќе пишувам во една следна прилика, откако ќе го составам целиот мозаик на комплицираниот случај „СЛАВИЦА„. . .

Дотогаш Сашо Денесоски, мој БИВШ почитуван колега, нека води јавна кампања против мене и мои пријатели и соработници. Можно е доколку стотици пати напише една иста навреда, некој и да му поверува. Мене ми е сеедно...

  • Креирано на: 12.04.2012
  • Прегледано: 178.582