Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Стевчо Јакимовски секако без конкуренција уште сега на почетокот на годината е најголемата контроверза во оваа турбулентна година за Македонија. Со одлуката да позајми печат од Драгиша Милетиќ и да се кандидира за нов градоначанички мандат во Општина Карпош каде столува и сега, ја подигна македонската јавност на нозе. За едни e предавник, за други јунак и херој, приципиелен и прагматичен, за трети меѓу кои спаѓам и јас – класичен урбан мафијаш кој од МОРАЊЕ си го брани незаконски стеченото...

Ова е пораката што ми ја прати неговата интимна пријателка, од ФБ профил Бети Бетче (името не и го знам!), изнервирана од моите постови на оваа социјална мрежа со кои во ниту еден момент немав намера да го напаѓам Јакимовски. Оваа порака и лавина слични коментари на мојот ФБ профил од негови приврзаници, коментари контра мене, предизвика реакција на мој извор од скопскиот катастар кој подолго време следи што се случува на полето на урбанизацијата на Општина Карпош. Истиот извор ми ја посочи токму фризерката Бети Бетче и нејзината моќ да го фасцинира Јакимовски до степен на спонзорство и покровителство на нејзината менувачница во велелепниот "Сити Мал". Мојот извор тврди дека иако имало голема расправија помеѓу партнерите во овој шопинг центар околу тоа кој ќе отвори менувачница, иако Зоран Антиќ веќе ветил на свои луѓе од Куманово дека ќе им погодува тие да ја отворат менувачницата, сепак едниот косопственик на "Сити Мал", инаку и градежен претприемач од Албанија кој веќе гради станбени згради „на диво„ во Карпош, сепак не сакал да го лути Јакимовски и му овозможил да и „тампонира„ влез на милата му Бети во "Сити Мал". Чисто да се знае кој е кој во Карпош и чиј петел пее насабајлечки!

Сосема е погрешна перцепцијата во јавноста деновиве дека потегот на Јакимовски е политичко предавство или проституција, дека го изневерил членството на СДСМ, па го изневерил Црвенковски, итн. Јакимовски никогаш не бил социјалдемократ и тоа го знаат од најмладиот до најстариот член и симпатизер на оваа партија. Што не сакаат тоа да го признаат е сосема друга работа. Оние што малку од подамна паметат ќе се присетат дека Јакимовски многу одамна бил социјалист, од времето кога СПМ ја раководеше покојниот Киро Поповски. Со Љубисав Иванов Зинго не можеше да функционира, па брзо премина во ЛДП за да си ги оствари своите лично-профитни амбиции. Во оној момент кога веќе не беше курентно и исплатливо да губи време во ЛДП, Стевчо Јакимовски со посредништво и зелено светло од Наташа и Ѓорѓи Савови премина во СДСМ. Трансферот и „тампонираниот„ влез во СДСМ по оваа траса, го вивна Јакимовски највисоко во СДСМ, каде се делат функции и „мрсно„. Се разбира дека Савови беа штедро наградени од Јакимовски откако заседна во градоначалничката фотелја во Карпош, со најмалку една станбена единица од 100 квм и тендер за печатење на материјали на општината. Чисто колку Савови да не се без кров над глава и да не трпат за леб. Се разбира дека во една ваква констелација на односи, сосема е логично Јакимовски да е лидер на скопските социјалдемократи, истите оние на кои пред неколку месеци не сакаше да им биде кандидат за градоначалник на Скопје. А како ќе им биде кандидат за Град Скопје кога мака си имал со урбаната мафија за која е „венчан„ во Карпош и без квалитетно „развенчување„ од неа, Јакимовски и не смеел да помисли на било какви екскурзии надвор од Карпош. Токму затоа зајмеше печат минатата недела од Милетиќ. Од чисто неполитички причини кои врска немаат со СДСМ и граѓаните на кои им е најдобар, најомилен, најубав и најчесен, на крај од краиштата. И да бидам јасен: СТЕВЧО ЈАКИМОВКИ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ПРЕКУ МИЛЕТИЌ ОД ЧИСТО МОРАЊЕ И ОД ЛУКРАТИВНИ ПРИЧИНИ!!!

Инаку, сега вака. Центар на трансферот на Стевчо Јакимовски од СДСМ во редовите на урбаниот мафијашки ред, контролиран и раководен од ВМРО ДПМНЕ е скопската кафеана „КАЈ СЕДЕК„. Перверзија е податокот дека се работи за класична дивоградба која во катастар се вика „ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ„. Ако излезете на лице место нема да видите ниту еден реквизит а не цела гарнитура која чини детско игралиште. Ќе ја видите на истото место дивоградбата наречена кафеана „КАЈ СЕДЕК„. Тони и татко му Седек Трифуновски (еден од најрасипаните бивши македонски фудбалски судии!) се домаќини на целата екипа која ја сочинува најновата предизборна коалиција за Општина Карпош, која со политика има делумно допирни точки, колку да се каже дека некој е од некоја партија. Инаку, екипата која договара катадневно криминални зделки, сосема сигурно спаѓа на онаа прочуена партија ИМТ (Има ли Мене ТУ!?).

Она што е куриозитет е податокот дека дивоградбата „КАЈ СЕДЕК„ опстанува на истото место, дури и напредува во изградба. Куриозитет е дека и после четири менувања на Деталниот урбанистички план на Карпош, довоградбата „КАЈ СЕДЕК„ си стои нечепната. Ако го прашате инспекторот Милан Пижула зошто е тоа така и зошто не ја рушат ќе ве гледа како теле у шарена врата и ќе блее, нема да знае што да одговори. Ова е затоа што Тони и Седек Трифуновски се моќни до степен да издејствуваат заради заштита на нивниот криминал да биде сменета раководителката за урбанизам во Општина Карпош, Маја Лазаревска, на пример. Па би летал и Пижула ако почне да се меша за работата за која зема плата.

А сега и имињата. Стевчо Јакимовски да ти бил „гз и гаќи„ со некои си браќа од скопското село Шишево, Драшко и Јонче. Моќници кои градат згради/дивоградби по општината со амин на Јакимовски. Седек Трифуновски па да ти бил кум на Дејан Панделески, сопственик на „Пелистерка„ (малку и беше на Македонија од татко му Цветан, па еве синот дошло време да ја „јавне„!). А тој пак Дејан Пелистерка да ти бил кум на Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во слободно време. Инаку, во работно време како министер е присутен на мафијашките сесии во кафеаната „КАЈ СЕДЕК„ кога целата оваа гореспомната екипа, дополнета и со неизбежниот Орце Камчев, дели маркици, тендери, црта и прецртува ДУП-ови на салвети, итн.

Оваа екипа, секој со своја оператива, плус косопственикот на Сити Мал од Албанија, во последниот период се во тотална градежна офанзива во Општина Карпош. Се разбира дека немаат дозволи за градба, се разбира дека скоро изградените згради, како и оние штотуку започнати, НЕ СЕ ВО ДУП-от на Карпош, ама се разбира и дека тоа не е никаков проблем кога на маса си ги имаат Стевчо Јакимовски и Миле Јанакиески. Па така, „ГДЕ МАФИЈА ОКОМ, СТЕВЧО И МИЛЕ СКОКОМ!„ Градежните неимари од Шишево, Орце, Пелистерка и оној тајкун од Сити Мол (името не му знам!) само намислуваат и смислуваат, почнуваат да си градат, а Стевчо Јакимовски потоа трча во Општината избраните градежни маркички од мафијата да ги легализира и покрие со какви-такви документи. Проблем е што во овој критичен момент Општина Карпош има само предлог ДУП, конечниот треба да биде донесен оваа година, а ако заглави работата дали и следната ќе го биде, прашање е? „Оперативците„ не можат да чекаат, а она што барале Јакимовски и Јанакиески од нив си го исполниле одамна. Нешто во кеш како аванта, а остатокот во станбени единици кон градоначалникот и министерот ќе биде намирен откако ќе се заврши работата. Која сега ептен е закочена и непријатна. Состојбата на терен според мојот извор е доста критична: Орце Камчев и Дејан Панделески во моментов градат објект до МИ-ДА (тоа е онаа фирма што ја вивнаа у пламен за да изградат поубава!). Објектот на Орце и Дејан има поголема површина од дозволената уште од старт, па малку им било кренале и два ката над планот. нели само небото е лимит!? Ова само како пример, а за посликовит преглед и за да сфатите за што пишувам прегледајте ја галеријата слики дадена во прилог на овој текст. Ќе си ги препоѕнаете објектите на мафијата...

Што се однесува до она што се случува деновиве после кандидатирата на Јакимовски со позајмен печат од Милетиќ, „КАЈ СЕДЕК„ во неформалниот штаб на старо/новиот кандидат е доста живо. Веќе од понеделник наваму се ројат заинтересирани. Растрчани се сите повидни членови на ВМРО ДПМНЕ од Карпош, постојано доаѓаат и си одат од „КАЈ СЕДЕК„. Тврдат пазар со екипата на Јакимовски. Централна фигура е Седек Трифуновски кој работи на убедување на членовите на ВМРО ДПМНЕ дека е најдобро уште сега да си фатат место во возот на Јакимовски кој експресно „шиша„ накај победа. Се чини, според атмосферата „КАЈ СЕДЕК„ дека изборите се готови и победникот се знае. Во оваа екипа треба свое место во вагонот да си го најде и Драгиша Милетиќ, со идно вработување на неговите синови во Општина Карпош, за што наводно веќе е постигнат договор...

Ако тоа е така, изборите во Карпош нека почнат уште утре и нека завршат до понеделник, да не се губи веќе време. Јакимовски и неговата нова екипа треба да остваруваат. Преродбата не може да чека...

НЕ СЕ ПАМЕТИ СЕДЕК ТРИФУНОВСКИ ДА ПРИЈАВИЛ РАБОТНИК!

Пред завршување на овој текст, добив порака и од бивш вработен кај Седек Трифуновски. Еве ја соддржината:

Работев кај Седек Трифуновски. Ги гледав секојдневно Јанакиевски, Стевчо Јакимовски, Орце Камчев, Ристе од Веропулос, Дејан Пелистерка, браќата од Шишево, како ги договараат милионите, зградите и документите. Седек слободно можеш да го викаш и СТАРА ГАЛАКСИЈА. Така му се вика фирмата нели. Никогаш не пријавил работник, а ретко кому дал плата како треба и на време. Кога му доаѓаше инспекција, Седек ги убедуваше инспекторите дека е само 10 дена во тој локал, дека само што почнал да работи. Иако во објектот е повеќе години наназад. Во Дебар Маало (каде што му беше старата кафеана ГАЛАКСИЈА и семејната куќа), сега има зграда. Сето тоа со помош на Стевчо Јакимовски и Миле Јанакиески. Дејан Пелистерка има многу фајде од тие ручек средби. Гради во Карпош, Црниче, и Центар. Да ги немаше Стевчо и Миле, денес Седек ќе немаше кафеана. Ќе му ја срушеа поради проширување на улицата Илинденска. Ама Стевче му ја сочува иако тој простор важи за детско игралиште. И на крај и ова да кажам. Не знам како и на кој начин Седек Трифуновски успеа, ама од НБРМ доби 40 милиони денари да гради зграда, иако е постојано несолвентен и кредитно неспособен. Ама си има луѓе насекаде и знае како да ги употреби во своја корист.

  • Креирано на: 22.02.2013
  • Прегледано: 128.087