Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Ова е сторија, раскажана од директен учесник во настаните во 2001. година во Македонија. Бил вработен како преведувач при една странска мисија и сето она што се случувало на терен во тој критичен период, го гледал во живо. За еден настан, до денес необелоденет пред македонската јавност, наивно поверувал дека треба да и се довери на Сежана Лупевска, тогаш новинар на А1 ТВ. Ја известил лично и подоцна сфатил дека таа воопшто немала намера да го стори тоа што и било професионална обврска. . .

Мојот извор, познат на Лупевска, се решил на оваа исповед поради се позачестените провокации од страна на владејачката коалиција на улиците на македонските градови да инсценираат војна и поради тоа што ги препознал истите методи за такво сценарио од 2001. Еве ја неговата изјава за Буревесник:

„Паметам, беше сабота. Со дозвола на поручникот, излегов од американско - украинската база на Брезовица (Косово), во која работев како преведувач, со изговор дека одам да се напијам кафе во локалот од спротива. Надвор веќе ме чекаше превоз за Штрпце. Некаде околу 18 часот и неколку минути веќе бев во локалната пицерија. Седнавме со друштвото на шанк. Нарачавме пијачки. Се свртив наоколу и забележав познати лица. Еден од нив беше познаник од превод на таен состанок на локалните Срби и представници на американската власт во регионот на Витина. Се поздравивме. Седнав на нивната маса.

- ’’Што има ново?’’ прашав.

-’’Па по дома ништо ново, се е во ред. А, освен оној инцидент од пред некое време, нема ништо ново’’ ми одговори.

-’’Кој инцидент?’’ потпрашав.

-’’ Па оној во кој беа убиени најмалку пет американски војници’’.

Во тој период имаше многу инциденти во кои цел беа српските цивили. Не можев да поверувам дека некој пукал, а камоли да убие американски војник. Целиот збунет, го прашав:

- ’’Вашите влегле на Косово ’’?

-’’Ма јок. Оние што пукаат на вашата војска и полиција’’.

-’’ОВК’’?

-’’Па не знам како таму се викаат, но знам дека се Албанци’’.

Од сето искуство што го имав на Косово до тогаш, просто изгледаше невозможно такво нешто да се случило. Излегов надвор. И свртев телефон на Снежана Лупевска. Се слушавме и во претходниот период за слични ситуации. Таа беше еднакво изненадена.

’’Ќе проверам, па ќе ти се јавам’’, кратко ми одговори таа.

Влегов пак внатре во пицеријата. Почнав да распрашувам, како стигнале до таква информација, кога се случил инцидентот, како се одвивала акцијата!? Пријателот ми кажа дека српските радио - аматери со месеци ги прислушкуваат американските војници и нивните радио врски. Ми падна смешно. Нејсе, продолжи тој, инцидентот се случил кога на првите пушкарања во Танушевци, некој амбициозен командир на Американците, претпоставувам од базата во селото Врбовац, испратил извидница за да види на што се должат пукотниците од правец на македонско - косовската граница која се наоѓаше блиску до базата.

Припадниците на воените формации под команда на Али Ахмети помислиле дека од зад грб им се приближиле, ги заобиколиле припадниците на АРМ. И распалиле. Додека виделе за кого се работи, штетата веќе била голема. Според информациите на српските радио - аматери, слушнале за бројка од 5 - 8 убиени и тешко ранети американски војници. Американците веднаш возвратиле со оган од ,,Апачи,, хеликоптери. Телата на убиените припадници на ОНА после биле оставени на плоштадот во Витина. Роднините ги земале и ги погребале.

Малку подоцна ми заѕвони телефонот. Лупевска беше, ме извести дека ,,информацијата е целосно точна, и дека е потврдена од повеќе дипломатски извори, со мала корекција: биле убиени седум американски војници’’. Уште ми кажа дека ќе ја објави веста во вечерниот термин на А1. Јас со недоверба пристапив на информацијата, иако немав рационална причина за тоа. Но, неколку дена подоцна, еден колега од Албанска националност ми пренесе дека присуствувал на акција на американската војска, во која два хелихоптери од типот ,,Апачи,, дејствувале во регионот на Танушевци.

-’’Брат, дај Боже ова да заврши што побргу. Нема потреба од војна меѓу нас’’.

И тогаш и сега го делам мислењето на мојот пријател. Сценарито во таа 2001. не ги предвидуваше нашите мирољубиви и искрени желби. Неколку дена подоцна уште едно изненадување. Во весникот на американската војска, "Stars and stripes" забележав два чудни наслова во два броја по ред. Првиот ја соддржеше информацијата во која четири американски војници загинале од ''friendly fire'' (огнено дејство врз трупи од сопствените редови) во базата во Кувајт, а веќе следниот ден ист настан, но овојпат со три загинати војници во базата Авиано, Италија. Мора да е конциденција, си реков. Последниот шок беше сликата на американските војници од рововите на ОНА во Танушевци, на насловна страна на споменатиот весник, кој патемно се печати во милионски тираж. Тоа е оној ист ден кога тогашниот премир Љубчо Георгиевски, на прес конференција објави дека безбедносните сили на Македонија елиминирале 49 припадници на терористичките формации во селото Танушевци.

Бев во шок. Да бидам искрен малку и се радував, бидејќи претпоставував дека објавувањето на ваквата информација во нашата (преку А1 ТВ), а особено во американската јавност ќе значи крај на американската помош за ОНА и ОВК, но многу поважно беше што ќе ѕначи крај на започнатите воени дејствија во Македонија. Одеднаш се менуваше целата слика со вест дека под команда на Али Ахмети се убиени американски војници. Во тој момент не можев ни случајно да предвидам кои се крајните цели, кои се инспиратори и кои се изведувачите на ова сценарио. Патем, никогаш не сум се противел на барањата за поткревање на правата на другите етнички заедници кои живеат во Македонија, за образование на мајчин јазик, предвидени во меѓународното право.

Снежана Лупевска вечерта НЕ ЈА ОБЈАВИ ОВАА ИНФОРМАЦИЈА!
Не ја објави ни следниот ден. Не ја објави никогаш. Станав сомничав во професионалниот капацитет на Лупевска. Ми се јавуваше и почна да ми раскажува разни глупави прикаски. Побарав средба веднаш штом ќе дојдам во Скопје. Се согласи, а потоа ги откажуваше средбите. Се разбира отидов во нејзината семејна куќа. Средбата траеше кратко. Ми кажа дека информацијата била забранета за објавување од страна на ’’високи функционери на ВМРО - ДПМНЕ’’. Се разбира не сакаше да ми каже кои се тие личности. Еве и прилика тоа да го направи сега и тоа пред целата македонска јавност!!! Се надевам дека нема да посочи на Доста Димовска или Љубе Бошковски. Би било премногу наивно.

Неколку месеци подоцна веродостојноста на информацијата ми ја потврди висок официр од држава членка на НАТО, кој бил стациониран во тој регион во споменатиот период. Оваа информација во 2001, им е пренесена на многу високи функционери од двете најголеми партии во Македонија.

И не само на нив. Ама сите МОЛЧАТ! Ценам дека македонската јавност треба да знае за ова за да може објективно да процени, кој имаше потреба војната да се одвива по тоа сценарио и по тој тек, со непотребно многу изгубени животи и трошење на сите пари од продажбата на ’Телеком’.

  • Креирано на: 09.05.2015
  • Прегледано: 118.035