Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Да подсетам, година и пол бев надворешен член на Комисијата за избор на најповолен понудувач на тендерот за пасоши и лични карти. Месец дена по одлуката јавно соопштив дека тендерот е наместен, објаснив и како е наместен. СДСМ го намести во ноември 2005. ВМРО ДПМНЕ го реализираше тендерот во 2006. Во криминалот со патните исправи и лични карти се ЗАЕДНО. Ова што јавно го гледате е само една голема фарса...

Сите детали за овој државен договор за тендерски криминал ги имате овде:

Е сега, тоа во Охрид што е направено со личните карти и за што врисна прво колекционерот на кривични пријави Сашо Денесоски викан Мајмун, па се надоврза СДСМ со прес конференција и серија обвинувања на сметка на владејачката партија, е чиста небулоза и промашување од поголеми размери. Едноставно, се е направено во законски рамки. Се во рамки на дозволеното на секој граѓанин кој само пријавил во МВР дека си ја загубил својата лична карта. И бара нова. Добива нова лична карта на нова адреса, си ја чува старата, нормално во договор со ВМРО ДПМНЕ. Со старата си гласа на старо гласачко место. Со новата на ново, и така.

Сега за злоупотребите што ги прави ВМРО ДПМНЕ:

Факт е дека од денот кога дојдоа на власт сред лето 2006. година и со влегувањето во МВР ја добија на располагање и извршната двојка во процесот на имплементација на проектот за лични карти, пасоши и возачки дозволи. Тандемот е Гоце Волчевски, помошник министер во МВР во секторот за финансии и Гордана Демниева Стојанова, раководителот на проектот за пасоши и лични карти. И Волчевски и Демниева Стојанова беа именувани функционери од СДСМ, наследени од ВМРО ДПМНЕ, како одлични реализатори. Откако беа решени главните финансиски моменти, Волчевски се повлече.

Остана Демниева Стојанова. Под нејзини најдиректни инструкции се изведува следново. Се повикува и квалитетно наградува заинтересиран и послушен член или симпатизер на ВМРО ДПМНЕ. Го сликаат на повеќе различни адреси, однапред координирани и договорени со „уредниците„ кои го „ажурираат„ избирачкиот список. Адресите се главно од умрени лица кои се исфрлени од список, а познати се на ВМРО ДПМНЕ. На место на умрените, на таа адреса ги уфрлуваат овие „играчи„. Им се издава нова лична карта со таа адреса, секогаш друг идентитет, за што ДИК се разбира дека поим нема, нема матичен број на списокот на новоуфрлениот. Сето ова се прави најмалку три месеци пред изборите и наназад. И до пред крај на 2012. година овој процес е веќе завршен. Така да, ова што сега се прави театар за да скокаат СДСМ е само мини јавна комедија и скокање по нешто кое ако дојде на Суд ќе се испостави дека се било законски.

Процесот кој го опишувам се врши на терен, на различни адреси, каде заминуваат лојални службеници, одредени од Гордана Јанкуловска лично. При набавката на новата опрема за изработка на нови пасоши и лични карти, набавени се и мобилни станици кои ги должат службеници кои наназад шест години патуваат по светот и сработуваат документи по амбасади. Па службениците ем се нашетани, ем наплаќале квалитетни дневници и патни трошоци. Спиеле по убави хотели. Па денес се извршителни.

Ракувачот на една таква мобилна станица, по налог на Јанкуловска оди на терен и фотографира за нова лична карта, веднаш внесува се во лап топ компјутер, па додека се испие кафе новата лична карта е изработена. Никаде нема заведено барање за неа, се носи после снименото и внесено назад во МВР каде се изготвува личната карта и се се завршува во еден затворен круг, безмалку во кругот на Фамилијата!

Во МВР исто така има лојален одобрувач на изработката и таа директно се подига од пакет кој оди во машина за изработка. Никој нема достап и контрола над процесот, никој не смее ништо да праша, секој си ја врши својата работа. Службата која ова го работи, Управното одделение во МВР е под најдиректна контрола на Гордана Јанкуловска. Комплетната опрема компатибилна со опремата на фирмата која ги изработува документите, е од ИБМ. Набавена е преку претставништвото на ИБМ во Србија, со директна спогодба помеѓу Јанкуловска и нејзиниот роден брат, преку чија фирма ИБМ продаде опрема за МВР.

СДСМ имаат соучесништво во два сегмента на овој криминал. Прво, не донесоа одлука за оделување на ДАТА базата во МВР, па граѓаните на РМ и криминалците се измешани и не се оделени. Нема посебен цивилен и посебен криминален АФИС (дата база), се е измешано. Па граѓаните на Македонија на граничните премини низ светот со право ги упатуваат на посебен шалтер и минуваат низ посебни контроли. Затоа што земјите во кои патуваат немаат сознание кој им дошол на граничната црта. Инаку, доколку СДСМ воведеше поделба на цивилна и криминална дата база, првата ќе мораше да оди под контрола на комисија составена од цивилниот сектор па немаше да има можности за манипулации, а криминалниот афис ќе останеше како што е и логично под контрола на МВР.

Втор огромен пропуст при спроведувањето на тендерот за пасоши и особено во периодот кога проектот се имплементира е оставањето на можност изведувачот на проектот од Германија, со соработници од Австрија, да наметне исклучиво нивни сервис и нивни сервисери, без мешање на луѓе од МВР. Ова е договорено во ресторан „Камник„ на вечера на највисоки функционери на Владата во тој момент, раководена од СДСМ и функционери од МВР. Притоа, присутниот претставник на изведувачот од странство на домаќините им „тутнал„ 20.000 евра, да се почестат (деталите и идентитетите ќе ги објавам кога мојот извор ќе дозволи!). Од таа работна средба во „Камник„ тогаш до денес сервисираат исклучиво странците, наплаќаат високи износи на фактури, договорени исклучиво од Гордана Демниева Стојанова, одобрени од Гордана Јанкуловска. СДСМ во овие криминални процеси биле впуштени само со една единствена идеја: Доаѓаат парламентарни избори 2006. и системот ќе го сетираме да добива! Поим немаа дека нема да профункционира следните година дена. Па изборите ги изгубија, а ВМРО ДПМНЕ со веќе уиграни и расположени извршители „дресирани„ од СДСМ веднаш почнаа да ОСТВАРУВААТ, 24/7!

Она што сигурно од мој извор од МВР го знам во овој момент е дека Гордана Демниева Стојанова при последната набавка на бланко лични карти спремни за изведување на операцијата смислена во ВМРО ДПМНЕ има набавено 30.000 парчиња. Демниева Стојанова е продолжена рака на Јанкуловска. Демниева Стојанова само знае и министерката со неа, колку се фактурира за нови бланкети и колку се фризираат фактурите за сервисирање на машините и системот. Друго прашање е денес колку оваа екипа сработила нови лични карти на овој начин наназад година дена!? Само тие си знаат. Но, последната фактура има соддржина од 30.000 бланкети. СДСМ за тоа време скокаат јавно преку прес конференции. Свесни се за своите грешки и пропусти во минатото. Свесни се дека нивните луѓе се главни изведувачи на овие процеси. Ама и главни заташкувачи.ен од нив е Сиљан Аврамовски, заменикот на Сашо Мијалков кој најубаво знае да молчи...

  • Креирано на: 21.03.2013
  • Прегледано: 167.117