Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Ниту последниот меѓународен тендер, доделен на грчка фирма, за изградба на 50-тина километри пат од Демир Капија до Смоквица (грчка граница) - не помина без голем скандал. Овојпат најдиректно е загрозена и безбедноста на Република Македонија...

Тендерот за изградба на делницата Демир Капија-Смоквица, доделен на грчка фирма, е наместен така што пред објава на тендерските услови и правила за понудувачите, на претставници од грчката фирма која подоцна и победи на овој тендер, по налог на директорот на УБК Сашо Мијалков им е однесена комплетната детална документација. Во Агенцијата за изградба на патишта за секоја патна делница во Македонија, освен основната документација е архивирана и воено безбедносната која ги соддржи сите воено стратешки битни точки за одбрана во случај на евентуален напад.

Мијалков му дал налог на неговиот курир, во Грција да ја однесе и да им ја предаде целата документација што се нашла на архива во Агенцијата, што е еднакво на велепредавство. Со овој чин најдиректно ја загрозил безбедноста на Република Македонија. Врз основа на добиената документација Грците потоа изработиле најповолна понуда со која победија на меѓународниот тендер и ќе ја градат оваа делница. На Мијалков му возвратиле со великодушна понуда делницата да ја градат за „проширени и надградени„ 270 милиони евра, иако Агенцијата за патишта според сите досегашни пресметки дошла до цена од 190 милиони евра. Договорено е како што е и вообичаено во вакви прилики, во текот на изградбата, со анекси цената на оваа делница да се „прошири и надгради„ до 300 милиони евра.

Нормално, сите трошоци на оваа најнова криминално-безбедносна авантура на Сашо Мијалков, ќе ги сносат граѓаните на Република Македонија, даночни обврзници...

  • Kреирано на: 28.04.2013
  • Прегледано: 210.456