Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Веќе најавивме дека пред македонската јавност ќе истапиме со докази за начинот на кој „функционира„ Сашо Денесоски, охридскиот измамник, манипулатор, „бизнисмен„, новинар и близок пријател и соработник на највисоки функционери на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Серијата вакви објави ја отвораме со правосилната пресуда против сопственикот на Охрид Скај и МакБорба, „тешка„ 610.000 денари, а нарасната до износ над 1.000.000 денари поради затезната камата која тече по неговото тврдоглаво избегнување да ја плати оваа обврска...

Во оваа прилика ви ги презентираме правосилната пресуда, барањето за извршување и налогот даден од страна на извршителката Гордана Џутеска. Сашо Денесоски имал судски спор по тужба против него од страна на охриѓанката Силвија Пејчиноска. Спорот го изгубил и судот го задолжил на Пејчиноска да и плати штета, имале и потпишано спогодба Денесоски тоа да го стори без да си создава дополнителни трошоци. Но, како што ретко што испочитувал во неговиот живот, заспиен на умислата дека поради заштитата што ја ужива од извршната, судската и локалната власт комбинирана од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, си пресметал дека нема потреба од раздолжување кон доверителката Пејчиноска.

Откако увидела дека нема ништо од почитувањето на спогодбата, таа се обратила на повисоки инстанци, па Врховниот суд на крај ја поништил спогодбата и ја ставил вон сила, а донел правосилна пресуда според која Сашо Денесоски се задолжува да и плати на Пејчиноска 610.000 денари, плус да ги покрие судските трошоци, како и да плати законски затезна камата од денот на пресудата. Извршителката Џутеска до сите инстанци поднела барање за извршување во април минатата година, но до денес извршното решение не е спроведено во дело. Долгот во меѓувреме нараснал на износ од над 1.000.000 денари. Според сознанија до кои дојдовме, а втемелени на искуството на Пејчиноска која не е единствената во Охрид и околината соочена со неможност да си го наплати побарувањето од Денесоски, тој правно-формално нема никаков имот, нема никаква активна жиро сметка, официјално од никаде нема приходи, па е невозможно побарувањето да биде наплатено.

Но, од наједноставен увид во неговите досегашни бројни измами низ соработка со функционери на актуелната извршна власт, а особено со екс градоначалникот на Охрид Александар Петрески, поточно од поднесените кривични пријави против Денесоски, јасно се чита дека тој не само што функционира како раководител на неколку приватни фирми, не само што има активни жиро сметки, туку и троши наменски буџетски средства, кои исто така ги злоупотребува, правејќи тешки кривични дела во стек. Повеќе од јасно е дека извршната власт олицетворена во ВМРО ДПМНЕ, здружена со довчерашната локална власт на Охрид, претставувана од СДСМ и Александар Петрески, давале и даваат се од себе, овој тежок измамник во континуитет да може вака непречено да функционира. Нормален човек кој здраворазумски размислува не може да разбере на кој начин Сашо Денесоски и покрај бројни правосилни пресуди за финансиски измами и натаму успева надвор од платниот промет да наплаќа буџетски средства од Општина Охрид, а успева дури и после поразот на неговиот бизнис компањон Александар Петрески да функционира на терен како градител. Денесоски е виден пред една недела како и натаму реди бехатон плочки по охридските улици. И натаму се однесува како никој ништо да не му може и како ништо да не било. Како некоја невидлива моќна фигура да им командува на локалните инспекциски служби да не го гледаат она што сограѓаните на измамникот Денесоски го гледаат на терен.

Сашо Денесоски со поддршка од владејачката ВМРО ДПМНЕ и опозиционата СДСМ, медиумски функционира преку двата веб портали Охрид Скај и МакБорба и на нив можете да видите дека има голем број реклами. Дури, толку им е интересен на бројните македонски сестрински и братски портали, што со големо задоволство ги пренесуваат неговите „ексклузивни„ текстови.

Продолжува на следниов линк >>

  • Kреирано на: 19.04.2013
  • Прегледано: 160.444