Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Никола Младенов

Низ тешка и исцрпувачка и однапред промашена петмесечна истрага, македонските медиуми здружено се потрудија да избегаат од очигледните причини за погибијата на Никола Младенов. Никој, ама баш никој (освен Буревесник), не сака да навлезе во причините на неговата двокружна посета на ресторанот „Романтик“ на велешкото езеро „Младост“, не сака да навлезе во причините на средбата со оние кои го повикале.

Никој не се занимава ниту со причините за речиси каскадерското брзо возење на Младенов на влез во Скопје, иако се работи за возач кој беше познат по споро возење кое подразбира максималната брзина да биде секогаш прилагодена на условите на патот како и на сообраќајните прописи...

Низ тешка и исцрпувачка и однапред промашена петмесечна истрага, македонските медиуми здружено се потрудија да избегаат од очигледните причини за погибијата на Никола Младенов. Никој, ама баш никој (освен Буревесник), не сака да навлезе во причините на неговата двокружна посета на ресторанот „Романтик“ на велешкото езеро „Младост“, не сака да навлезе во причините на средбата со оние кои го повикале. Никој не се занимава ниту со причините за речиси каскадерското брзо возење на Младенов на влез во Скопје, иако се работи за возач кој беше познат по споро возење кое подразбира максималната брзина да биде секогаш прилагодена на условите на патот како и на сообраќајните прописи...

Нема да губам време па да ве терам да читате „нешто подолу во текстот„, веднаш ќе откријам дека Никола Младенов вечерта пред неговата трагична погибија бил повикан на средба со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и неговиот контролор Ален Зекиров, егзекутор од доверба на директорот на УБК Сашо Мијалков. Затоа десетина часови по погибијата „мистериозно исчезна„ и мобилниот телефон на Младенов, по кој беше лоцирана местоположбата на неговото возило по несреќата. За мотивите на Јанакиески и Зекиров телефонски да го убедуваат и на крај да успеат да го повикаат Младенов на доцна вечерна средба на езерото „Младост„, се изјаснив преку два текста, набрзо по несреќата„:

Моето последно сознание за средбата на Младенов во „Романтик„ со министерот Јанакиески и егзекуторот Зекиров непосредно пред погибијата, дополнето со намерното подцнежно исчезнување на мобилниот телефон на загинатиот, во режија на обвинителката Гордана Гешковска и нејзиниот претпоставен, обвинителот Марко Зврлевски, екстра е дополнето со притворање на сопственикот на „Романтик„ во акцијата „Ликвидатор„. Сето ова го дополнувам и со сознание дека велешката линија во управата на УБК, раководена од Горан Грујоски и задолжена за аудио и видео документирање и прислушување, комплетно го има снимено и аудио и видео патешествието на Младенов до езерото „Младост„ и неговото заминување од таму. Непосредни сведоци на средбата на Младенов со Јанакиески и Зекиров во ресторанот „Романтик„ се и вработените од смената која критичната вечер била на работа во ресторанот. Од моментот кога слушнале за погибијата на Младенов па до денес сите вработени од „Романтик„ кои сведочеле на средбата, живеат во страв од неизвесноста што ја носи секој нов ден. Особено се преплашени по притворањето на нивниот работодавач по акцијата „Ликвидатор„. Знаат дека вистинска причина за неговото притворање е неговиот домаќинлак вечерта на средбата на џелатите со жртвата Младенов!

Освен моите сознанија за средбата на Младенов со Јанакиески и Зекиров, последното што го дознав е и неколкумесечниот интензивен притисок врз Никола Младенов да го продаде неделникот „Фокус„ и новинарски да се пензионира. Моите извори ми тврдат дека на оваа тема имал повеќе неволни средби со бизнисменот Орце Камчев и дека начелно се договориле за цена од 250.000 евра, нето. Преостанало само да се изнајде начинот како да биде изведена целата операција а за тоа да се најде и разбирање кај опозиционата јавност која во „Фокус„ гледа(ше) медиумско светло на крајот од тунелот. Во рамките на овој договор со Камчев, на само две недели пред погибијата, најверојатно дошло до договор Камчев да го расчисти кредитот на Младенови за куќата во населба Бардовци, што е и сторено и оваа недвижнина веќе не е хипотекарно оптоварена. Втора крупна ставка со која Младенов бил оптоварен бил лизингот на „мерцедесот„ во кој Младенов загина. И оваа ставка била расчистена на нула, лизингот бил платен во целост и тргнат како товар на контото на Младенов.
По овие две трансакции преостанало само уште да се изврши трансферот на сопственоста на „Фокус„ на име на Орце Камчев или некој нов „Јевросимовиќ„ како во случајот на насилната купопродажба на Алфа ТВ кога Сашо Мијалков лично го посетил Штерјо Наков во „Александар Палас„ и му соопштил што ќе го снајде ако Афа ТВ не ја „продаде„. Во случајот на „Фокус„ сепак Мијалков морал да примени помека варијанта на притисок, затоа оставил Камчев да ја заврши работата.

Но, збиднувањата две недели подоцна на езерото „Младост„ и паничната одлука вечерта со итна ликвидација на Младенов да биде спречена објавата на доказите за корупција во македонскиот дел од случајот ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА, ја спречуваат купородажбата на „Фокус„ од страна на Камчев. Од друга страна, упорноста на Орце Камчев да го купи „Фокус„ била втемелена и на нервозата и упорноста на директорот на УБК Сашо Мијалков, да го спречи Никола Младенов да ги објави повеќемесечните истражувања на криминалот со преводите на 1000 стручни трудови, неопходни за македонските научни институции. Овој „проект„ како и многу слични, финансиран од Буџетот, според сознанијата и истражувањата на Младенов бил ем промашен ем привидно изведен така за да се профитира и за да не може да се дојде до прецизно осознавање на: тиражот, кои се издавачите, колку им било платено на издавачите, колку на преведувачите, итн. Младенов низ истражувањата на овој криминал дошол до сознанија дека на врвот од оваа криминална преведувачка пирамида стои Сашо Мијалков, со фирма која се занимава со дигитално печатење. Фирмата припаѓа на мрежата фирми на Мијалков, Војислав Спаравало и извршниот директор Горан Гацов, во Прага.

Младенов дошол до сознанија дека на добар дел стручни преводи нема назначено ниту издавач ниту тираж, а парите од Буџетот биле потрошени за оваа намена. Поедини книги биле испечатени дигитално во две или максимално три копии. Од друга страна одредени преводи биле испечатени во непотребно големи тиражи и испорачани на факултети кои имале десеткратно помали потреби одошто добиле вкупен број примероци. Покрај криминалот и манипулациите со тиражот, друга констатација на Младенов низ истрагата било сознанието дека најголем дел од овие драгоцени научни трудови биле преведувани од нестручни лица, на кои им било платено минимално за трудот или пак одработувале стари долгови и обврски кон Мијалков и ВМРО ДПМНЕ, па работеле од благодарност.

По завршување на преводите, на одредени факултети им биле испорачани и по 250 учебници иако имале потреба од највеќе десетина примероци. Било најважно да биде задоволена формата, не и да се постигне ефект. За да се покрие целата оваа криминална рашомонијада, Мијалков си нарачал веднаш и покривање од страна на нему блиски медиуми, со наводна критика да се провлече и неговата вистина за оваа тема, всушност колку да се покрие истражувањето на Младенов. Таков е текстот објавен во дневниот весник на Минчо Јорданов, низ кој новинарката Антонија Поповска отворено ги напаѓа професорите по наставно научните институции како виновници кои книгите не им ги препорачуваат на своите студенти. Поповска во својот текст воопшто не се осврнува на податокот дека преведените стручни трудови за кои се потрошени државни милиони, всушност се нестручни преводи на светски признати автори од каде е и аверзијата на професорите кон овие дела.

Се подразбира дека прилогот на ТВ Сител е чиста славопојка на истата тема. Корисна информација од него е дека до април оваа година од проектот кој завршува до крај на оваа година, биле завршени 787 преводи:
Сител Суспендиран линк нормално?

Колку пари од Буџетот се одлеани за оваа ставка, колку издавачи се во игра, колку преведувачи биле ангажирани, кои се тиражите на одредени книги и зошто некои се испечатени само по 2-3 примероци и тоа дигитално, јавноста не успеа да дознае поради насилното прекинување на истражувањето на Никола Младенов, прекинато со неговата трагична погибија на влезот во Скопје!? Со погибијата бил ставен крај на огромниот страв на Сашо Мијалков од Никола Младенов и неговата намера да го соголи пред светската стручна научна јавност која поим нема дека нивните учебници се измасакрирани со нестручни преводи и дека послужиле за гол локален профит!

МОЈ ЗАКЛУЧОК...
Македонската јавност за околностите под кои загина Младенов и причините за несреќата кај клучката Хиподром – не смее да знае! Ама сака овде да чита... Генерирањето страв и трепет од УБК и МВР ДПМНЕ, кулминираше со неодамнешната крајно невообичаена заедничка прес конференција на извршната и правосудната власт од која дрско беше соопштено дека загинувањето на Никола Младенов е чист несреќен случај. Не очекувам никаква јавна реакција во Македонија на овој текст, како што ја немаше ниту по првите два текста овде на оваа тема. Текстовите индикативно се игнорирани и од најблиските пријатели, колеги и соработници на Младенов кои јавно лијат крокодилски солзи по него, ама и вртат во еден маѓепсан круг едно те исто „те белешките од патарините најдени на нива, те брзината била толку па била онолку, ер бег јастучињата биле вакви и онакви, па имало па немало траги од кочење, итн...„ Ама никој да загребе повеќе од патарините и самиот момент на несреќата. Како дошол Младенов до местото, никој не смее ни да гукне јавно...
Македонија е земја во која е сосема нормално да не се зборува за вистината! Иако редовно доаѓа до соочување со трагичните последици од неа. Имаме и премногу примери наназад години, објаснети како „несреќен случај„. Индикативно е дека околностите на „несреќниот случај„ скоро па редовно ги објаснува една те иста, добро увежбана екипа. И премногу несреќи и се случија на Македонија откако МВР ДПМНЕ раководи со министерството за сила...

  • Kреирано на: 07.08.2013
  • Прегледано: 330.571