Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Долга е низата на ликвидирани поединци, штетни по криминалната „агенда„ на Владата на Никола Груевски. Нема да ги набројувам по име и презиме, ги знаете сите до еден: исчезнати, „самоубиени“, претепани до смрт, „лизнати“ од карпа, загинати во сообраќајни несреќи. Дел од настраданите во првиот мандат на ВМРО ДПМНЕ „заминаа„ од овој свет помеѓу 1998 и 2002, повеќемина ги изгубија своите животи во актуелниот мандат кој трае од јули 2006.

Никола Младенов е последната трагична жртва на корумпираната Фамилија Груевски & Мијалкови...

Според сознанијата на мојата комплетна соработничка екипа од Македонија и Словенија, сопственикот на неделникот и дневниот весник „Фокус„, Никола Младенов, бил намамен со ургентен повик од пријател, вечерта кога загинал, на 27. март о. г. Од пријателот бил повикан да дојде во Велес, да се сретне со „некои„ луѓе. Непријатно бил изненаден кога пристигнал и се соочил со претставници на сегашната владејачка партија во Македонија, ама и посредници од словенечки Телеком. Според сознанијата на моите соработници од Љубљана, Никола Младенов имал ексклузивни сознанија и докази за аферата во словенечкиот Телеком која „пукна„ веќе следниот ден, 10-12 часа по неговото загинување.

Деталите ги имате овде: www.24ur.com

Младенов во Велес бил повикан од страна на посредници кои сакале да му понудат и му понудиле висок поткуп, само да не ја отвори и објави во Македонија новата телеком корупциска афера, во неговиот дневен и неделен весник „Фокус„. Имал намера тоа да го стори уште во четврток, а најавата би била објавена уште во среда како што тоа вообичаено досега го правеше. Објавата во „Фокус„ било планирано да биде синхронизирана со објавите во словенечките медиуми, кои во среда објавија дека нивните органи на прогонот уапсиле повеќе функционери на словенечкиот Телеком. Ова го знам со сигурност, оти во петок предпладне моите колеги од Словенија ми објаснија дека изворите на ексклузивните информации за апсењата што следеле во Словенија сакале и оствариле контакт со Младенов, затоа што сметале дека неговиот дневен и неделен весник се единствените македонски медиуми релевантни за објава на вакви чувствителни информации.

За несреќа по Младенов, за неговата намера дознала и Фамилијата на власт, преку континуирано следење на неговите комуникации. Па направиле максимални напори Младенов преку пријатели/посредници да го убедат да се нагоди со нив и да не ја објавува аферата, а се да помине со објава на по некоја „срамежлива„ сервис  информација од рубриката „Другите пишуваат„, дека таму некаде далеку во Словенија се уапсени директори на словенечкиот Телеком, дека Македонија е странично вмешана, ама тоа „не е ништо страшно„!!! Никола Младенов на непосакуваната средва во вторник навечер воопшто не сакал да разговара и преговара на оваа тема и да се нагодува и спогодува, затоа што истрагата во Словенија одамна била во завршна фаза и со необјава во „Фокус„ немале да се спречи деталите да дојдат до јавноста. Всушност, Младенов во себе знаел дека темата објавена во дневен и/или неделен „Фокус„ ја руши власта на Груевски од темел, дека едвај преживеаната корупциска афера со „Маѓар Телеком„ во која е вмешана комплетната раководна структура на ВМРО ДПМНЕ, преку „Аналитико„ ДОО Скопје, надополнета со нова слична афера сега со Телеком Словенија, за нив во овој момент значи ДЕФИНИТИВЕН КРАЈ!

Тоа истото го знаеле и Сашо Мијалков, Никола Груевски, Миле Јанакиески со мајка му која ги води сите негови нелегални „рекет бизниси„, ама и Предраг Чемерикиќ, довчерашниот директор на мобилниот оператер ОНЕ Македонија. Тој по апсењата во Словенија веќе е тргнат и заменет со нов директор од Словенија. Јанакиески е главниот актер во делот на корумпирањето на македонски функционери кое го истражува словенечката полиција. Неофицијално дознавам а тоа го знаел и Никола Младенов дека Јанакиески е „награден„ со два милиона евра, за погодностите што македонската Влада ги има направено кон одработувачите од словенечка страна во име на оператерот „ОНЕ„.

Најбитен дел од целата оваа трагедија и главна и посакувана цел на Фамилијата била да дојдат до екстерниот хард диск кој Никола Младенов го носел насекаде со себе. На тој хард диск била архивирана целата тема за криминалот во Телеком Словенија, со вмешаноста на македонскиите учесници во овој тежок криминал. Се разбира дека имале цел да дојдат и до останатите соддржини од хард дискот на Младенов, кои секако дека се однесуваат на нив. 

Според мојата соработничка екипа, Никола Младенов е ликвидиран во настап на паника кај неговите џелати, предизвикана од нивниот очај и немоќ да го спречат во решителниот наум да објави се што има за аферата поврзана за корупција во словенечкиот Телеком. Немале ни многу време да размислуваат и да планираат. Се враќал ноќе кон Скопје, па „несреќата„ се случува на последното згодно место пред влез во градот. Не смееле да дозволат да се врати дома и да сработи се што е потребно за објава на високо чувствителните информации и докази од темата која утредента ја потресе Словенија, Косово, а во Македонија до денес и многу не се ни знае, оти јавноста беше фрлена во очај по сознанието за загинувањето на Никола Младенов. Така да, привремено Владата на Груевски со жртвување на Младенов успеа да спречи свој пад по објава на тема од која нема одбрана. Следната задача е најверојатно да биде „скршена„ Биљана Младенова, да донесе одлука „Фокус„ да не продолжи да се печати...

Инаку, кога сме кај самата несреќа на клучката кај „Хиподром„, да кажам дека сите оние кои добро го познаваа Никола Младенов ми тврдат, а делумно тоа и јас го знам, оти работев во „Фокус„ своевремено и добро се знаевме, непобитен факт е дека Младенов баш НИКОГАШ НЕ ВОЗЕЛ БРЗО и СПРОТИВНО НА СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА! Збиднувањата вечерта во вторник пред да загине, наведуваат на основано сомнение дека бил гонет од неговите џелати, дека бил наведен на камион кој го истуркал од патот и го навел да заврши десно од него. Еве ја анализата на стручно лице мој соработник, направена ексклузивно за Буревесник:

1. Никола Младенов возел со брзина од 180 km/h кон клучката за Хиподром 

2. Се престроил лево за Скопје - исток и влегол во клучката

3. Почнал да врти лево и во видното поле му се појавува косо наместен камион (Сканија) со скоро никаква можност за одминување, ни од лево ни од десно. Притиснал нагло на сопирачките. Кочел дваесеттина метри (околу половина секунда) и со тоа ја намалил брзината на 150 km/h и наместо да се удри во камионот, донел брза одлука да го заврти управувачот на десно, да ја пробие заштитната ограда. Донел најприродна и најадекватна одлука од било која друга, од аспект на обид за преживување.

4. „Летал„ со возилото околу една секунда и се приземјил на околу 40 метри далечина со предницата. Се отвориле сите 7 воздушни перничиња. Потоа колата повторно „летала„ и направила свртување во воздух, повторно паѓајќи во истиот правец и тоа сега бочно, на левата страница. Отскокнала по втор пат и се приземјила во дрвцата, со покривот надолу а предницата нанапред.

5. Телото на возачот излетало низ ветробранското стакло при последното превртување, кога сите перничиња веќе биле испукани од претходните механички дејствија на телото врз нив.

Продолжува на следниов линк >>

  • Kреирано на: 31.03.2013
  • Прегледано: 280.375