Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Јунакот на оваа сторија во два дела си има повеќе лица. Така животот го научил. Перењето на биографијата, обременета со потекло од с. Турје, преку Велика Плана, до мажачката во кланот Черепналковски, има свој грбав и трнлив пат. "PRO ASPERA AD ASTRA..." Во првиот дел го опишав неговото авантуристичко патешествие низ саемските манифестации на екс СФРЈ, во аранжман на директорот на скопски „Меркант„, Благој Митрев Апо. Ги опишав и креациите и иновациите на Дракче Павловиќ кои Апо го чинеа робија од 20 години (одлежани само 7).

Распадот на СФРЈ Драган Павловиќ Дракче го чини скапо. Останува без диплома. Несреќно му се распаѓа Вишата комерцијална школа во Нови Сад каде најлесно и најбрзо за кеш се стануваше макар вишообразуван лик. Поради мито и корупција Вишата се распаѓа и затвора, Дракче останува без шанса да си ја купи дипломата. Следната шанса ја гледа во Приштина, како студент на филозофскиот факултет во ерата на деканот Воислав Шешељ. Не успева кутар Дракче ни таму да дипломира. Збиднувањата на Косово, протерувањето на Србите од таму, заминувањето на Шешељ од катедрата на факултетот и дружбата на Дракче Павловиќ со опскурни ликови како Милован Дрецун и Мирослав Лазански, од него прави само квалитетен летечки кодош кој се нуди по службите во распаѓање. Не успева да стане дипломиран филозоф, ама успева сепак да влезе во светот на соработниците на екс службата, познат под два псевдоними, „Вардар„ и „Геџа„. Со што се гордее со години, до почетокот на лустрацијата во Македонија..

Но, да се вратиме малку наназад. По апсењата и истрагите во „Меркант„ и соработничката улога против директорот Благоја Митрев Апо, Драган Павловиќ Дракче, од сигурен затвор поради кривичната пријава поднесена против него спасен од тазбината му предводена од дедо му Илија Черепналковски викан Череп, смислува да излезе од немилиот и извалкан лик на Дракче и да влезе во нов лик. Во таа „трансформација„ му помага распадот на СФРЈ. Ја нема веќе Југославија, голема и моќна, во која се се знаеше и се беше под контрола. Се знаеше кој коси кој вода носи. Во штотуку осамостоена Македонија, земја која создава свои институции и нови вредности, земја која од социјализам свртува кон капитализам, Драган Павловиќ Дракче како екс комуњарски секретар на ОО на СК во „Меркант„ и добро прочуен по Скопје како домазет кај Черепналковци смислува да се етаблира во новоформираните комерцијални медиуми во Македонија. Ама сега по ново веќе не е ДРАКЧЕ! Како еден од четворицата косопственици на популарното скопско радио „Канал +„ сместено во хотел „Панорама„ на Водно, почнува лажно да се претставува насекаде по Скопје како Драган Павловиќ ЛАТАС, како некојси божемен далечен потомок од некое си племе ЛАТАСИ. Кое не потекнува од никаков кралски двор, туку од некоја си „фина материна„. Ама кој го тоа знае у Скопје!? Измислува Дракче и легенда дека неговите предци се дојдени од Лика и Горски Котар, „патувале„ низ време до Велика Плана во Србија. Па нели после по потреба на службата татко му оженил смерна мома од охридските села и така настанал Драган Павловиќ Латас, иден македонски новинарски ТАЛИБАН! Еден Господ знае како ја смислил оваа сулуда прикаска, како настанала во неговиот мал мозок!? Му се чудеа на прикаската и братот му близнак, а особено постариот му брат Зеко, еден од носечките столбови на „Тинекс„ од основањето. Инаку и двајцата си се нормални и спонтано насмеани ликови, кои на лудориите на Дракче во ерата на трансформацијата во Латас, гледаа како на добар виц. Тек, Дракче со помош на имресионирани ликови околу него успеа подоцна да стане Латас и колку-толку да се ослободи од валканиот Дракче, име кое ги посрамоти и изрезили „угледните„ соучесници од криминалот во „Меркант„, Илија Черепналковски и жената му...

Есента 1993. по превирањата во радио „Канал +„ доаѓа до распад на системот и скоро целата екипа, заедно со Драган Павловиќ Дракче/Латас и Тошо Торбовски преминува на нова локација под ново име, во центарот на Скопје. Аранжманот и најголемиот дел од сметките на бучната преселба ги плаќа Газда Нанче од „Леснина инженеринг„. Така настанува „Вокс Радио„. Нанче е тивкиот и ненаметлив сопственик од сенка кој не сака да се експонира во јавноста оти си брка свој успешен бизнис, Дракче/Латас е директор и главен и одговорен уредник (иако само свиреше музика и немаше што да се уредува!), Тошо Торбовски и Душица Апел, негова сопруга во тоа време, беа иматели на удел во радиото.

Костурот на „Радио Вокс„ го сочинуваа познати скопски ДЏ ѕвезди: ДЏ Бела, ДЏ Коста, ДЏ Дени, ДЏ Тута и ДЏ Цена. Главни водителски ѕвезди беа Реџо Балиќ и Виолета Зајкова, конкубина на Дракче/Латас. Радиото беше најслушано и најкомерцијално во Скопје, со најголем број реклами поради бројот на огласувачи. Јас во екипата упаднав на барање на Реџо Балиќ, преку негова пријателска врска од Куманово. Причина: сите ДЏ од „Радио Вокс„ беа зафатени преку викенд бидејќи имаа свои ноќни тезги, работеа по познати скопски локали, а и не беа вични на пуштање народна и турбо фолк музика која на брановите на „Радио Вокс„ одеше само во недела од 09 - 17 часот. На Реџо Балиќ му требаше некој да го следи од другата страна на микс пултот. Ме најдоа мене, со долгогодишно искуство на тоа работно место во Радио Куманово, оти у глава ја имам скоро па целата фолк историја на екс ЈУ. А знаев и да ги мрдам дрвцата на микс пултот. Имав некакви знаења од претходно. Во почеток имав ангажман секој недела во тој период на денот, кога со Реџо го работевме мошне слушаното издание на „Фолк Метар„ на „Радио Вокс„. Подоцна бев прифатен од целата екипа па во деновите кога некој од колегите ќе имаше потреба од слободен ден, ги менував. На крај напредував до замена на колегите преку лето кога користеа одмор. Благодарение пак на високата доверба од страна на Реџо Балиќ и растот на слушаноста на „Фолк Метар„, ама и поддршката од Тошо и Душица, брзо ја стекнав и довербата на Павловиќ. Знаеше најчесто да дојде в недела предпладне во „Радио Вокс„, да избега од дома од досадните Черепналковци (како што ни ги претставуваше!) и да дружи со мене и Реџо. Ама и правеше „аудиции„. Радиото беше сместено на најгорниот кат во „Ристиќева палата„ на Плоштад Македонија, има балкон кој гледа рамно на Камениот мост, а имаше идеална местоположба за „лудориите„ на Дракче/Латас. А до лудории дојде брзо по стартот на „Вокс Радио„ кое му беше на 20 метри од дома, бидејќи живееше во стан сопственост на сопругата му Мери, над „Рубин кармин„ веднаш до „Дал Мет Фу„.

Неделите предпладне беа омиленото време на Дракче/Латас да си го засити својот промискуитет и да си ја надвладее својата неизживеаност. Тоа беше и време кога конкубината Зајкова (негова единствена дозволена и признаена љубовница од дома, по негово сопствено признание!) спие сладок постсаботен сон додека сонува како еден ден ќе стане косопстсвеничка на „Радио Вокс„. Дракче/Латас неделите предпладне, кога освен мене во просториите на радиото во 09 часот и подоцна Реџо Балиќ до доцна попладне немаше никој, ги ползуваше да ги испроба талентираните водителки кои масовно пребегнуваа од МРТВ поради никакви или ниски хонорари, во потрага по парче ѕвездено небо и слава. Кај Дракче/Латас добиваа утеха, слатки ветувања на увце, добиваа „аудиција„, пробуваа „однос спрема микрофон„ на кој особено е горделив (како друг да нема таков ист!), му покажуваа „ин виво„ каков раскош од радиофоничен израз имаат, ама и добиваа хонорар за снимање на понекоја реклама.

Оние со ептен јак „репертоар„ и широк дијапазон добиваа екстра шанса некое време да водат емисија за филм, автомобилизам и за понекој театар. Правеа рецензии, јеботе. Непријатен дел од тие неделни предпладниња кога Дракче/Латас имаше „аудиции„ беше кога кандидатките рикаа како магарици, колку ги држи глас. Тогаш досетливиот и духовит Реџо знаеше да стане од пред микрофонот во студиото, да отиде до канцеларијата на Дракче/Латас во која се одвиваше критичното „драмско дејствие„ и да подвикне: „Драгане утишај тон, пробија у етар!„. Не одеше долго време, набрзо Черепналковци разбраа за неделните матинеа и за ашикувањето на домазетот. Повторно се кренаа на нозе, ама за промена беа решени нивната ќерка Мери дефинитивно да го напушти прељубникот. На сите нив како конечно да им беше доста од него, па и на неа. И таа конечно посака развод, татко и најми адвокат, разочараната и повредена сопруга бараше средби со него заради расчистување, ама Дракче/Латас редовно и умешно ги избегнуваше. Во „Вокс радио„ Мери немаше пристап. Највеќе можеше да стигне до јавување на домофонот да праша дали е тука Драган. Не смеевме ниту да ја пуштиме внатре, ниту да кажеме дали е тука или не е. Во една прилика ме начека на излегување од влезот во „Ристиќева палата„ ми даде пусулче со порака да му го предадам на Павловиќ. Кога му го дадов, го стутка и го фрли непрочитано. По притисок од неколку мачни месеци, ама и откако Черепналковци разбраа дека домазетот се смирил и дека притисокот им успеал, го повлекоа барањето за развод, го повлекоа адвокатот, а повторно среќната брачна двојка Черепналковски/Павловиќ, со ќерката Ивана заминаа на новогодишна прослава и долго зимување во Маврово. На огромна несреќа на Виолета Зајкова, на која и се срушија сите надежи дека ќе го заземе толку сонуваното место, Прва Дама у Павловиќа...

Славата и гламурот на „Вокс Радио„ многу брзо го вивнаа Дракче/Латас во медиумскиот свет на Македонија. Полн со себе и умислен дека знае да пишува, брзо се здружи со Никола Младенов, омилен гост на „Дал Мет Фу„ (подоцна и „зет„ на Љупчо Фуфо откако ја ожени келнерката Билјана!). Драган Павловиќ дружбата со Никола Младенов ја искористи да покаже дека не е само комерцијалист туку дека знае и да пишува, ама истовремено и да си ја задоволи гладта за одмазда на „Орка Спорт„. Имено, продавницата на оваа фирма на која Дракче/Латас гледаше од својата спална соба, го имаше во тоа време најгласниот можен аларм кој по непишано правило се вклучува рано наутро в недела додека се спие, сред центар на Скопје. Повеќекратното јавување на Дракче/Латас во „Орка„ и ургенции алармот да не се вклучува во немило неделно време кога привилегираните спијат, не вродија со плод. Беше игнориран, што кај него произведе и бес.

Набрзо Павловиќ на задоволство на Никола Младенов реши да влезе во војна со тогашниот млад сопственик на „Орка„ Орце Камчев. Па почна во Фокус да пишува текстови во рубриката „ВПЕЧАТОК НА (НЕ)ДЕЛАТА„. Во нив на јуриш пишуваше против Камчев највеќе, кој во тоа време беше и ударната млада песница на СДСМ, ја извршуваше функцијата претседател на СДММ. А со татко му беа главни фактори и спонзори на СДСМ. Медиумската војна со Камчев кого Павловиќ во писанијата во „Фокус„ го именуваше како лидер на младината на Црвените Кмери, кулминираше со неколкумесечна убиствена серија текстови за изборот на „Мис Македонија„ на девојката на Орце Камчев, Александра Петровска. Тој избор во „Фокус„ во серија беше опишан како наместен, со сите најперверзни детали кои ја резилеа фамилија Камчеви. Павловиќ го бришеше патосот со нив, урлаа од смеење сите кои едвај чекаа ново писание со секој нов петок, контра величините Камчеви. Војната заврши така што таткото и синот Камчеви ја искористија сета моќ и логистика од СДСМ и до почетокот на летото 1996. успеаја со поддршка од Бранко Црвенковски да излобираат НИТУ ЕДЕН огласувач од бројните повеќе да не уплаќа пари на име на годишните реклами во „Радио ВОКС„. Од тогаш датира омразата на Павловиќ кон Црвенковски и комплексот што го има од него. Преку ноќ, „Радио ВОКС„ стана најнекомерцијалното радио во Скопје и Македонија. Драган Павловиќ екстра беше прогонет од Камчеви и институциите кои сработуваа за нив и извршната власт раководена од СДСМ. Во еден момент Павловиќ јавно објави дека наводно ДБК му провалиле во станот и дека ништо не му е украдено, само пасошот му исчезнал. Испадна дека му е загрозена безбедноста. Дотаму дотера работата!

Истовремено свој подем и почеток бележеше „ТВ Сител„. Тоа беше и година на првите локални избори во Македонија. Година кога Љубисав Иванов Ѕинго почувствува дека треба да се тргне од коалиционата прегратка на СДСМ. Па прави свртување и за локалните избори 1996. најавува самостоен настап на СПМ. Гледајќи своја квалитетна шанса да му удри чивија на СДСМ, Ѕинго го прибира Драган Павловиќ Дракче/Латас и му нуди трансфер на целата екипа од „Радио Вокс„ во „Сител ТВ„. Се разбира дека јас не одам во таа насока, заради моето одбивање да работам за овчар и криминалец. Ѕинго веднаш го става Павловиќ под заштита, успева да го скрие во својот анус, да го заштити од лошите чичковци од „Орка„. Ама и го впрегнува во својата рекет машина, као „момак за специјалне задатке„. Му дава на Дракче/Латас термин за емисијата „Профил„, понеделничко тв повраќање по неистомисленици. Ама пред да ја продолжи и да ја доврши војната со Камчеви, Ѕинго ги седнува на маса Орце и Дракче, прогласува мораториум на војната. Така војната завршува без победник, Орце Камчев станува еден од појаките огласувачи на „Сител ТВ„ а подоцна како млад и успешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, бива предаден под ингеренции на Династија Трпевски. Понатаму си го менаџира Бошко! Така, блуениците на Латас му останаа на Камчев за спомен и долго сеќавање на едно време кога бил немоќен да се справи со надојдена несреќа...

Остатокот од прикаската за Павловиќ ја знаете. Она што не го знаете имавте еднаш прилика да го дознаете од мојата сторија во неделникот „Форум Плус„, објавена во средината на 2006. година, е судбината на имотот на „Радио Вокс„. Драган Павловиќ Дракче/Латас по умирањето на радиото, се обиде да му го продаде на Сејдо Теофиловски. Тогаш сопственик во најава на скопска „Комунална хигиена„. СДСМ во тој период смисли да ги приватизира градските гробишта „Бутел„ и „Скопски пазар„. Во крајно криминализирана постапка на приватизација гробиштата и пазарите од јавни добра СДСМ ги претвори во приватни и свои. Имаа намера истото да го сторат и со „Комунална хигиена„, ама на чело на ова ЈП беше неприлагодениот Сејдо Теофиловски со кого „приватизацијата„ не им одеше воопшто како планираа во СДСМ. За да му покажат колку се моќни, „Комунална хигиена„ ја оставија неприватизирана, па остана сопственост на Град Скопје. Сред тие замешателства, Драган Павловиќ направи обид радиото како субјект да му го продаде на Сејдо Теофиловски и да му земе пари на убави очи, а како вредност постојано му ја истакнуваше скапоцената „ТАСКАМ„ опрема и фонотеката. Теофиловски пак истовремено имаше сопственост над некогашниот „Млад Борец„ па имаше намера „Радио Вокс„ да подпадне под капата на овој некогашен комунистички бренд. Но, откако се пропадна заради неуспешната приватизација на „Комунална хигиена„, Теофиловски не му ја исплати договорената сума пари на Павловиќ, а опремата остана да чека сопственик во просториите на „Комунална хигиена„. Завршија на суд.

По ова, Павловиќ се обиде да направи уште една манипулација. Во редакцијата на ТВ Сител од „Македонија Денес„ наменски ја трансферираше младата русокоса новинарка Ивана Серафимова. Кутрата, ај што беше фатално вљубена во него, ај што беше умислена дека е новинарски квалитет, имаше и свои приватни планови како и Зајкова (да спомнувам ли дека и таа од „ВОКС„ премина во Сител!?). Серафимова всушност беше грубо злоупотребена од Павловиќ да му потпише и испечати документ, во својство на некаква претседателка на Младински совет дека опремата од „Радио Вокс„ е на овој орган и дека му е доделена на Павловиќ. Арно ама, манипулацијата не успева, Павловиќ не успева да дојде до вредната опрема, па како што обично бива ја „откачува„ понатаму непотребната Серафимова на која и се рушат сите планови и идеали. Разочарана и издепресирана се губи од новинарската мапа на Македонија. На крај, случајот со опремата од „Радио Вокс„ завршува на суд. Павловиќ ги впрегнува сите сили да дојде до неа. Последно што знам е дека во време на шефувањето на Трифун Костовски со Скопје и со „Комунална хигиена„, Управниот одбор на ова ЈП го раководеа екс заменик министерот за економија Зоран Витанов, Борче Стефановски, екс градоначалник на општина Гази Баба и актуелниот директор на СРД, Зоран Трајчевски. Со сите тројца имам темелно разговарано на тема „СПРЕЧУВАЊЕ НА ПАВЛОВИЌ ДА ГО УКРАДЕ РАДИО ВОКС!!!„ Сите тројца максимално се заложија да помогнат во спречувањето. Додека беа во УО на „Комунална хигиена„ (2007. г.) опремата сеуште беше во претпријатието. Доколку е направена злоупотреба, тоа сигурно се случило подоцна откако Коце Трајановски има преземено власт во Скопје.

На крај на оваа дводелна сторија да кажам дека сум замолен од двајца пријатели да опишам нивно присуство на две немили сцени. Првата датира од периодот после освојување на Тетовското кале од страна на Љубе Бошковски, кога Павловиќ со денови од ТВ дневникот на Сител му се подсмева нарекувајќи го „туристички водич„. За да престане со ова подсмевање, според мојот извор, Павловиќ од Љубе наплаќа рекет од 50.000 евра и прекуредно и незаконско добивање дозвола за носење оружје. Двата подарока му се врачени кај Љубе дома, во куќата на Водно. На полноќна средба! Втората немила сцена е со Даравелски. За да не емитува Сител ТВ никакви прилози за одбегнатиот криминалец од потерница и да не подсеќа дека е осуден на седум години затвор и за да не врши медиумски притисок Павловиќ врз министрите за правда да го побаруваат Даравелски од Белград, има наплатено рекет од милион евра. Нормално, парите се поделени со Горан Иванов Мали Ѕинго. Посредник за наплата рекет од Даравелски е Бруно Грозданов, екс вработен во Царинската управа денес бизнис партнер на Драган Даравелски. Парите на Павловиќ му ги има исплатено Аце Миленковски, курир кој редовно од Македонија носи кеш во Белград. Тоа е оној кеш од незапленетите фирми во Македоинија, кои Даравелски ги управува со далечински управувач од Белград.

Со амин од Никола Груевски и Сашо Мијалков, нели така!?

ЗАВРШНА НАПОМЕНА: Во двата дела од оваа сторија не е опишана улогата на куртизаната од Радишани и не е опишано учеството на младата Ивана Павловиќ на манифестацијата „Плоштад Слобода„ од страна на Архибригадата. Во зависност од укажување потреба во едно од следните писанија ќе се осврнам и на овие „детали„. Исто така, најискрено се надевам дека оштетените од ЗИК „СЛОБОДА„ од с. Зелениково ќе ми ја испорачаат доказната документација за криминалот на Драган Павловиќ во тој случај. За да можам потоа да ја комплетирам неговата криминална историја на едно место и раат да чекам заштитникот му и личен пријател, „премиерска куротресина„ Никола Груевски - да замине од власт . . .

  • Креирано на: 11.11.2012
  • Прегледано: 184.257