Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Драган Павловиќ Латас

Сите овие години наназад сметав дека Драган Павловиќ Дракче не е вреден за еден ваков текст. Ама и тој си седеше мирен. Знае дека е кабает, дека со мене не треба да се чепка, дека премногу знам, дека не сум му од оние што си ги гази како ќе му падне напамет.

Па не ме спомнуваше. Си седеше мадро. Во неговата последна самоубиствена „колумна„ (која тоа не е!) сепак не издржа и фрли камен по мене... Еве му „краток„ одговор во две продолженија. Чисто да знае дека знам. Ако веќе баба му и дедо му мислат дека никој ништо не знае...

Прво да расчистиме едно. Пaвловиќ никогаш не бил ЛАТАС. Од неговите кокошкарски и клошарски денови бил едноставно ДРАКЧЕ. Измисли дека е ЛАТАС во обид да ја испере својата валкана биографија богато наполнета од средината до крајот на 80-те години. Од почетокот на 90-те години „ничим изазван„ сосема сам измисли дека е Латас, бидејќи како домазет во угледно скопско семејство Черепналковски требаше да има некаква референца која и јавно ќе ја распродава како дел од некоја божемна успешна семејна историја. Од првиот ден по мажачката за убавата архитектка Мери, на Дракче му требаше нов идентитет, па неговите свекор и свекрва за да и угодат на новата „снаа Дракче„ го вработија во „Меркант„. Станува збор за фирма од тогашниот нов бран, лоцирана на „Партизански одреди„, карши „Букурешт„, до некогашна „Народна техника„.

Самобендисаниот Дракче во „Меркант„ ја почнува својата трговска кариера како помлад комерцијален референт (нешто како Пантиќ во „Тесна кожа„). Сo неговата фамозна ташничка и кафеавите твид пантолончина, Дракче почнува да го оди тешкиот пат рамо до рамо со многумина тогашни скопски стари волци, комерцијалисти. Себе од почеток низ Скопје ЛАЖНО се прикажува за новинар и дописник на некои тогашни ЈУ печатени весници, иако неговите највисоки журналистички дострели биле само објави на неколку хонорарни текстови во белградска „Дуга„ на тема: „Како успева парадајз у Скопљу и широј околини!?„

Како и секое примерно младо момче во тоа време, брзо успева да стане секретар или прв човек на партиската организација на СК во „Меркант„. Станува млад и благонадежен комуњарски функционер. Веднаш штом ја добива првата комуњарска функција, Дракче станува миленик на тогашниот директор Благоја Митрев викан Апо, талентирана „трговачка куротресина„ (така Апо сакал да го опишуваат!). Апо во Дракче веднаш видел идна голема талентирана „трговачка куротресина„. Подоцна Митрев глави затвор во Идризово, пробува да стане успешен политичар/бизнисмен по углед на Силвио Берлускони, пробува да ја инсталира „Форца Македонија„. Ама не успева. Она во што успева Апо е од комерцијалистот Дракче да направи „комерцијалистичка куротресина„. Па така Апо го трга на страна Дракче од комерцијалното работење и го задолжува со изработка на рекламен материјал за „Меркант„, поприлично доходовна работа во тоа време. За да не биде ептен непродуктивен меѓу останатите колеги, Апо го „промовира„ Дракче како раководител на саемските штандови ширум СФРЈ, на кои „Меркант„ ќе почне да изложува стока со сомнителен квалитет и потекло! Дракче почнува успешно да ја одработува својата „улога„ подготвена од Apo, ама ептен се докажува и му покажува дека знае да биде и креативен и постигнува резултати поголеми од очекуваните. Сработува многу повеќе отколку што се бара од него.

По ова Дракче на сопствена иницијатива станува интерен разузнавач низ канцелариите на „Меркант„. Кодоши се од ред. Од магационерот Сами до преубавата правничка Наташа. Сите ги става под надзор, на воодушевување на директорот Благоја Митрев Апо. Но, Дракче брзо бива откриен од вработените, како „страно тело„ („упљувак„!!!) вметнато меѓу нив да ги кодоши и следи. Најприсутен е во женските канцеларии каде што се прават нејжешките муабети и оговарања. Поради кодошењето Дракче брзо станува неомилено „копиле„ меѓу своите колеги и колешки, омразен до ден денешен. Почнува да се однесува како церемонијал мајстор во „Меркант„, организира богати прослави и теревенки, осмомартовски фестивали и слични спектакли кои и денес се прераскажуваат низ Скопје како трули спомени на тие времиња. Всушност, Дракче во „Меркант„ бил задолжен за срања, валканици и подметнувања. Се по нарачка и на задоволство на директорот Апо, кому редовно му го испорачува она што го бара. Од местење на новопримени колешки до разно-разни незаконски и нелегални активности. „Меркант„ во тој период, во годините пред распад на СФРЈ работи довоз на разна стока од Војводина во Скопје. Со шлепери се довезува стока која Апо и Дракче имаат намера да ја раскрчмат по саемите ширум СФРЈ. Арно ама, се јавува голем проблем со неуредна документација, несклад на количина, квалитет и цена. Ниту едно тогашно претпријатие во Скопје, кое се бави со ускладиштување на стока не сака да ја прими под свој надзор стоката од „Меркант„ довезена од Војводина.

Спасител на Апо му е Драгче. Го крева на нозе кланот Черепналковски каде топло е вдомен како домазет (и снаа!!!) и под чие клановско „владение„ се магацините на Скопски Саем. Па стоката буквално непопишана и без декларација, во искинати картонски кутии се внесува незаконски, сокриена од очите на инспекциските служби. Стоката е складиштена ноќе, во глуво доба, растоварана од молчаливи работници од Шутка, контролирани од тогашниот бос Сербезовски. Осоколен од овој успешен потег на Дракче, директорот Апо веднаш потоа од Словенија за „Меркант„ набавува и нови службени возила, во тоа време највисока ексклузива – „Рено 18„. Заслужниот Дракче веднаш инсистира кај Апо да добие едно од возилата, смета дека веќе не му доликува секое сабајле да чека градски автобус кај „Рекорд„ за да стигне на работа. Арно ама директорот Благој Митрев Апо на своето послушно кутре му соопштува дека сеуште не е дораснато до толку, за да има службено возило. Сеуште не е толку голем фактор. Понижен и разочаран, Дракче ја напушта неговата канцеларија. Решава и натаму да се докажува, да заслужи службена кола.

Почнува нова саемска сезона. Прво во Скопје па во Приштина. Дотогаш примерниот домазет и новопечен татко, сфаќа дека треба да почне да работи за себе и да „реализира„. Пред почетокот на саемот во Приштина од „Меркант„ се носи одлука на нивниот штанд да работи извесна бројка на луѓе, превземени преку Младинска задруга. Во екипата за Приштина, надвор од договор со директорот Митрев, Дракче ја уфрла и русокосата Ана, ќерка на познат скопски сервисер. Дракче во Приштина ја поведува и таа постојано е до него, на колегите им ја претставува како братучетка. Од тогаш датира анегдотата од сцената во „Гранд Хотел„ во Приштина, кога еден од колегите на Дракче под дејство на алкохол пред сите во аперитив барот му се обраќа со зборовите: „...нa следниот саем во Загреб и јас ќе си ја земам братучетката и ќе си спиеме во иста соба како ти со твојата овде во Приштина„...

За разлика од претходниот саем во Скопје, Приштина носи огромен прилив на пари. Се се продава како алва, неочекувано многу за разлика од оној во Скопје кога Дракче „пријавува„ премногу малку прилив. Но никој друг од екипата освен тој и неговата „братучетка„ нема увид колкав е прометот. Бројат само тие двајцата и штелуваат по нивно, сами на јорган во хотелската соба на „Гранд„. За времетраење на саемот во Приштина на „Меркант„ му се случува упад на инспекциски и финансиски служби во придружба на тогашната милиција, но работата веднаш е заташкана. Благонадежниот новинар Дракче се спасува од апсење. Во меѓувреме дел од стоката во Приштина ја продаваат топтан, воопшто не ја ни изнесуваат на штанд со малопродажната цена. Таа стока Дракче успева да ја продаде на припадници на тогашното албанско подземје. Стоката завршува во нивните камиони и заминува во непозната насока низ Косово. Директорот Апо е презадоволен од умешноста на Дракче, ама и не сонува дека „иновациите„ на Дракче во работењето подоцна ќе го однесат на долгогодишна робија.

После Приштина Апо и Дракче планираат истите „активности„ да ги изведат и на саемите во Загреб, Белград, Нови Сад. Арно ама, набргу се случува упад на службите во „Меркант„. СВР Скопје го апси Благоја Митрев едно утро. Избувнува една од најголемите афери во тогашна СР Македонија. Незаконски трансакции, провизии, проневери, подмитувања, се и сешто од репертоарот на Дракче и алчниот Апо. „Меркант„ умира истиот момент. Тогашната екипа иследници од СВР Скопје, предводена од инспектор Никола викан Црвена Рука, се зафаќа со улогата и „придонесот„ на Драган Павловиќ Дракче.

Следуваат приведувања. Разговори, претреси, цел тогашен РСВР е на нозе. Тоа кланот Черепналковски го спасуваат домазетот (снаата!!!) Дракче. На крај и успеваат да го спасат, највеќе за да си го спасат својот каков таков углед на скопска градска фамилија. Благоја Митрев Апо, дотогаш најнадежниот директор во Македонија бива осуден на робија од 20 години. Дракче му се појавува во истражните и процесни записници како сведок кој највеќе го товари Апо за криминал. Дури го товари и за дела кои не ги направил, само себе да се спаси. Во меѓувреме СВР Скопје води истрага и против Драган Павловиќ Дракче, на крај поднесува и кривична пријава против Павловиќ и други лица со кои тој заеднички одработил многу валканици. Со Дракче се извлекува и „братучетката„ Ана Сервисерката. Трагичарите Черепналковски мораат и неа да ја спасат, спасувајќи се себе ја „сервисираат„ и неа. Така беспоговорно ги голтаат сите срања на снаата Дракче. Угледот е во прашање, нели така!? Пријавата против Павловиќ никогаш не добива судска разрешница. Кланот Черепналковски ги потегнува сите свои моќни врски и успева својата снаа Дракче да ја спаси од сигурна робија.

  • Креирано на: 13.11.2012
  • Прегледано: 124.002