Web Statistics Burevesnik - Burevesnik
Macedonian Albanian English

За Глигур Коцев, неговиот криминал во Општина Градско и начинот на кој ја спроведува преродбеничката политика на ВМРО ДПМНЕ, како нејзин кадар на чело на оваа мала Општина, веће пишувавме. Се враќаме уште еднаш во Градско, од причина што ем има нови криминални моменти, а имаме и фото докази за крадењето струја од училиштето „Даме Груев„ за потребите на општинската зграда, замрачена поради висок износ на неплатена струја од поодамна.

За Глигур Коцев, неговиот криминал во Општина Градско и начинот на кој ја спроведува преродбеничката политика на ВМРО ДПМНЕ, како нејзин кадар на чело на оваа мала Општина, веће пишувавме. Се враќаме уште еднаш во Градско, од причина што ем има нови криминални моменти, а имаме и фото докази за крадењето струја од училиштето „Даме Груев„ за потребите на општинската зграда, замрачена поради висок износ на неплатена струја од поодамна.

Но, не е тоа целиот криминал на Глигур Коцев откако е на чело на Општина Градско. Успеал крајно профитабилно да се вклопи во фамозната акција за легализација на дворовите од куќите, смислена и спроведена од ВМРО ДПМНЕ. Уште од самата најава на акцијата за ефтина легализација ги измамил жителите од улиците: „Славе Ефтовски„ и „Владимир Назор„ и други жители од „популарната„ населба ,,Палестина,, и им наплатил по 4 - 5 евра/квм (кого како начекал!) за да им ги легализира куќите и дворовите. Брзал Глигур да им наплати оти знаел дека земјиштето на кое почиваат тие куќи и дворови не е општинско, ниту државно, туку е сопственост на физичко лице и дел на ЗИК ,,Вардар„. Договорите кои им се давани на луѓето се потпишани од Пецо Кузманов (вработен во општината и потрчко на градоначалникот) и Виолета Малчева (тогаш вработена во општината сега директор на поштата во Велес). Сите луѓе кои што се измамени имаат потпишани договори со општината арно ама од сето тоа нема ништо без урбанистичкиот план, парите им пропаѓаат и сега со новиот закон на Груевски нели нормално треба да ги легализиираат објектите ама по вторпат. Дури откако ВМРО ДПМНЕ истапи во јавноста со иницијатива до Владата (успешно спроведена!) за легализација на дворовите по цена од 1 евро/квм, измамените сфатија дека Глигур ги „извозил„ и им земал пари за памет. Подоцна дополнително доплаќале по новата цена од 1 евро/квм. Глигур Коцев не планира да им ги врати парите се додека е на власт со ВМРО ДПМНЕ. Лично од Никола Груевски е заштитен. Имаат шанса на следните локални избори да го „детронизираат„ од градоначалничката функција па да се надеваат дека можеби еден ден и ќе биде процесуиран и судски присилен да врати нешто што земал на измама.

Ама не е само оваа измама на Коцев. Моите извори од Градско ми тврдат дека успеал во ова мало место да регистрира две комунални претпријатија со еден ист директор, Ѓорѓи Самандов, а успеал заедно со него и да ги блокира сметките на двете претпријатија. Успеал и двете да го донесе до мрак и без греење, оти им е исклучена струјата поради неплаќање. Со директорката на училиштето „Даме Груев„, која му дозволила диво да се приклучи и да краде струја од институцијата со која таа раководи, лани заеднички издејствувале поради рушење на мостот кај село Ногаевци, Владата да им помогне со донација во нафта за механизација потребна да се направи обиколниот пат Кочилари – Ногаевци. Глигур Коцев и директорката Мирјана Таскова, ја складирале нафтата од Владата во резервоарите во училиштето, ама наместо да биде употребена за намената за која била побарана, нафтата (9 тони!) „исчезнала„...

Од друга страна, градоначалникот на Градско, Глигур Коцев викан Гиго, не престанува да инвестира во себе и не престанува да го зголемува сопствениот имот. Иако општина Градско има сериозен проблем со снабдувањето и чистотата на водата за пиење, градоначалникот својот проблем со вода си го решил по принципот „има се може се!„ т. е. со инсталација на моќен хидрофор во неговата новоизградена резиденција, иако на пример истовремено неговите соседи од истата улица немаат редовно снабдување со чиста вода за пиење и за потребите во нивните домаќинстата. Неговиот бизнис раст и стремеж кон иден силен капиталист може да се види и од неговото вклучување во процесот на транспорт на руда од подножјето на Клепа, со свои два камиони, ама и преку набавка  на нови осум црвени „Ман“ камиони без приколка, за свои бизнис потреби. Во нормални услови треба да се замисли секоја инспекција, полиција или финансова полиција, па да преиспита кој бил и колку имот имал Глигур Коцев пред да стане градоначалник а кој е денес и колку имот поседува. Од каде му толку нови камиони? Со кои пари ги набавил?

Моите извори тврдат дека откако новите камиони пристигнале и биле паркирани во Градско, сите тие мислеле дека станува збор за набавка на камиони за потреба на Општината. Ама брзо им била „продадена„ прикаска дека тоа „некој роднина„ на Глигур Коцев од Нови Сад „инвестирал„ преку негова тамошна фирма. Додека народот во Градско се распрашува колку чинат камионите, по кои канали се донесени, која шема е одиграна, веќе се ставени во погон и транспорт на повеќе локации. Глигур нема време за чекање. ОСТВАРУВА! Гиго е инспириран од владината кампања – „Осмели се и почни сопствен бизнис!„. Па смело почнал и изградба на ладилник во близина на неговата втора куќа во близина на црквата во Градско. Моментно изградбата на ладилникот е стопирана, премногу е видливо дека конструкцијата на ладилникот е идентична со конструкцијата на спортската сала, започната пред некоја година во кампањата „10.000 Спортски сали за Македонија!„. И во Скопје, во жолтата куќа на ВМРО ДПМНЕ до скоро се чуделе каде го снемало материјалот наменет за спортската сала. Како да пропаднал в земја. Кога ене го кај Гиго вграден во ладилникот, како негов личе профитабиле проект наречен „Осмели се и олади се!„. Инаку, во рамките на една слична измама, минатата недела градоначалникот Глигур Коцев имал немил настан во село Виничани, каде требало да се направи и поплочи локален пат со бекатон плочки, но целата механизација заедно со материјалот преку ноќ биле пренаменети за една улица во Градско, каде Коцев одамна ветил реконструкција. Ова го навлекло револтот кај населението во Виничани, па за малку бил избегнат физички напад врз градоначалникот-бизнисмен.

Една од последните скандал ситуации на Коцев беше забележана во втората половина на август о. г. Глигур Коцев во соработка со неговиот внук и претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Градско во обид за криминално дело - перење пари (така вика кривичниот закон на Република Македонија), манипулирајќи со здравиот разум на граѓаните на Градско, на 31. 08. 2012. организирал партиски „ХУМАНИТАРЕН“ турнир во кошарка за помош на малата Ева. Арно ама, подоцна медиумите го открија скандалот со трансакциите на Глигур и роднините му и моментно се „трага“ по сторителот на кривичното дело. Планирале собраните средства за лекување на Ева да си ги поделат. Ама благодарение на добри познавачи на хуманиот карактер на Глигур Коцев, измамата е спречена во последен момент.


Та така „уличната кошарка„ на крај ја одиграле без да ги преведат жедни преку вода своите сограѓани...

  • Креирано: 28.12.2012
  • Прегледано: 141.230