Web Statistics Продукција на болни од профитни причини - Burevesnik
Macedonian Albanian English

,Примав лекови од Пановски. Ме лажеа три години дека сум болна од Мултиплекс Склероза, примав Авонекс. Верувал или не, без бар код. Ги прекинав на своја рака, имав страшни нус ефекти. Но, ги примав три години. Се плашам да објавам, пријавив и после дадов изјава во ОЈО.,,, ми пишува измамена пациентка...

Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски

Пред еден месец ми се јави со допис пациентка врз која експериментирале на скопските клиники, ја ,,лекувале,, со Авонекс откако претходно ја убедиле дека болува од Мултиплекс склероза. Скоро и го уништиле здравјето додека не сфатила дека само ,,тренираат,, на неа и дека е една од цела серија измамени пациенти, произведени болни од Мултиплекс склероза, за повеќе да се троши лекот Авонекс чија цена е околу 615 евра за една кутија. Еве што уште ми пишува пациентката која во меѓувреме е замината да бара лек во Германија, да го спасува она што останало од нејзиното здравје откако се освестила што се прави со неа:

,,Ова од што јас се спасив по моја одлука, трае и денес. Трае и со министерот Филипче. Мене ме убедија пред некоја година дека сум болна од Мултиплекс склероза и ме ,,лекуваа,,. Кога сфатив дека ме лажат, на своја рака прекинав. Ме уплашија невролози од воена болница. Еден од нив ми отвори очи, ми кажа со шепот да не примам веќе Авонекс, ама да не го ширам тоа околу. Ова затоа што Авонекс даваат и на деца. Замислете во Македонија даваат Авонекс на деца кои воопшто не се болни од Мултиплекс склероза. Нивните родители мислат дека децата им се болни. Одев на клиника и го земав Авонекс помеѓу 1 и 10 во месецот, го носев дома, ама не го примав. Докторите кои на клиника за неврологија го даваат лекот Авонекс се поврзани со министерот и со тие над него, имаат процент како награда на плата од што повеќе поделени вакви скапи лекови. Го раздаваат оти е многу скап. Затоа има толку болни од МС, лажно болни. Бизнис се прави. Го пријавив сето ова во обвинителство, ми земаа изјава, ама нема ефект. 

Јас имам анализи и мислења на доктори од воена болница дека немам Мултиплекс склероза. Заминав Германија, присобрав пари за пат и мислам дека се спасив. Сите информации кои ќе ги соберам ќе ги споделам за да објавите. Многу сакам ова да се докаже и некој да лежи затвор. Не сте свесни што ни се случува во организмот после третман со Авонекс на здрав организам. Ионака интерферонот е тапа лек, ама па вака, шверцуван, многу боли. Открив дека немам МС. Имам нешто што не е МС и не се третира со Авонекс. Голема игранка е ова. Имам
Devicova болест, таа има слични симптоми на МС, ама не е. Тоа јас што го имам се третира со витамини, а на неврологија ме третираа со Авонекс, ме труеја...,,, заврши пациентката. Таа воопшто не се крие, не го ни крие идентитетот. Не се плаши од нејзините џелати, Пановски и Филипче. Јас одлучив нејзиниот идентитет да не го објавувам. Ми даде кутија од лекот кој го земала на клиника за неврологија секој месец, го распакував и го сликав за да ви го прикажам...

И оваа извршна власт го продолжи паралелниот увоз на лекови од Турција, со чија помош Никола Груевски, Сашо Мијалков и Никола Тодоров ја труеја РМ и граѓаните, главно со фалсификат лекови од Сирија, Индија и Кина. Некогашниот советник на Тодоров, др Венко Филипче, послушник и прислужник на криминогеното семејство Пановски, кадар на Радмила Шекеринска, воедно актуелен министер во владата на Зоран Заев, денес е носител на увоз на ,,оригинални фалсификати,, од Турција. Табелите од овој процес во континуитет ги имате во прилог...

Нека ви е на здравје! Преиспитајте што лекови примате. Да не умирате од заблуда...