Web Statistics Зокиева шала комика - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Во мај 2013 година од страна на инспектори од СВР Битола, по неколку месечна истрага, после прибирање на многу докази за сторен криминал, по два распити на извршителката од Битола, Николина Иванова, до ОЈО Битола против неа поднеле кривична пријава. Ниту 5,5 години подоцна, поради корупција пријавата не е процесуирана...

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Инспекторите непобитно утврдиле дека извршителката Иванова, во содејство со ,,Еуростандард банка,, од Скопје, пристапила кон незаконска заплена на семејна куќа на семејството Сивакови од Битола, вредна над 300.000 евра. Нивната куќа иако не била под хипотека за подигнат банкарски кредит од страна на член на семејството Сивакови (синот имал подигнат кредит за транспортна фирма!), сепак по одлука на Николина Иванова, со низа фалсификувани документи, куќата им ја одземала и запленила, па експресно ја продала на лицитација без понудувачи. Лицитација која не се ни одржала, па новите сопственици ги довела во заблуда.

Николина Иванова за многуте измами направени во оваа ,,операција,, по прибраните докази од страна на инспектори од СВР Битола, добила кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Пред лажната и неодржана лицитација Николина Иванова фалсификувала и потпис на друг член од семејството, Васил Сиваков, кој нема никаква врска со транспортната фирма на синот, не е ниту основач ниту содружник. Иванова фалсификувала 42 ,,доставници,, со кои сакала да го покрие фалсификувањето исправи за да го покрие незаконското присвојување на семејната куќа на Сивакови. Потписот на тие доставници воопшто не е ни сличен со потпис на Горан Сиваков, сопственикот на задолжената со кредит транспортна фирма ,,Цикец транс,,, ниту пак со личниот потпис на Лилјана Сивакова, сопственичка на куќата која воопшто не ни била предмет на хипотека од спорниот кредит. Не било предмет на заплена ниту дворното место под куќата, ама на Иванова и се допаднало па и дворот незаконски го запленила.

Горан Сиваков, како сопственик на транспортната фирма ,,Цикец транс,, од подигнат кредит кај ,,Еуростандард,, банката не вратил две месечни рати, а пред истек на третиот месец од невраќање на кредитот, банката и извршителката експресно стапиле во акција да им ја запленат вредната куќа и дворот на Сивакови, наместо да ги пленат камионите кои од кредитот ги купил Горан Сиваков, а со кои кредитот можел скоро во целост да биде измирен. АМА НЕ! Банката и извршителката решиле да дојдат до повеќекратно повредната куќа и дворот. И НАСИЛНО дошле до посакуваниот имот, со ангажман на полицијата како обезбедување, повикана од Иванова, тогаш на директна врска со Сашо Мијалков и неговите послушници од СВР Битола. Дури и на денот на исфрлувањето на Сивакови до семејниот дом, кога на Иванова и нуделе 60.000 евра во готово, на рака, биле ладно одбиени од неа, откако претходно десетина дена ги лажела дека можат долгот да го измират преку банката. Но, во банката не им ги примале парите, биле веќе намерачени на нивната куќа...

Инспекторите од СВР Битола сето ова го констатирале низ истрага, бидејќи документацијата многу јасно упатува на криминал и криминална намера да се присвои туѓо без многу напор. Во мај 2013 година тие поднеле кривична пријава против неа до ОЈО Битола, ама до денес декември 2018 година, повеќе од пет и пол години подоцна, од ОЈО Битола нема никаква реакција. Нема ниту покрената постапка, а ниту еден обвинител не постапува по оваа пријава. Едноставно ја кријат. Едвај некако решиле да постапуваат по приватна кривична тужба од страна на Лилјана Сивакова против Николина Иванова, ама и таа била отфрлена, па по жалба од Сивакова, Вишото јавно обвинителство го задолжило ОЈО Битола, конкретно обвинителот Сулејман Алиевски, да ја продолжи постапката и да ја заврши. Алијевски, до коска корумпиран од страна на Иванова и нејзините бизнис партнери од градежниот бизнис (Јорго Шундовски, Илос Вилос и Благоја Ѕалев), тврдоглаво одбива воопшто да го отвори предметот а не пак да го работи. Свесно ги пропушти сите законски рокови за постапување, чека да му стигне времето за пензионирање, ама случајот ,,Сивакови,, нема да го работи...

Николина Иванова низ Битола има ,,погребано,, најмалку стотина семејства. Кому земала стан, кому куќа, кому пари од стечајна маса па после им пријавила дека ништо не им следува. Огромните пари кои ги ,,печали,, низ злоупотреби и свесни кражби, ги инвестира во градежниот бизнис со Шундовски, Вилос и Ѕалев. Едноставно, ги перат валканите пари од криминални приноси низ урбан криминал, а за возврат овие тројца сега како влијателни во СДСМ Битола и во централата, на Николина Иванова и гарантираат дека никогаш нема да биде процесуирана.

Со ВМРО ДПМНЕ таа си има воспоставени релации, така да единствено критично и е додека СДСМ е на власт, највеќе поради она ветување од премиерот Зоран Заев дека нема да има мир додека нема правда, дека зборот му бил збор, дека сите кои правеле криминал ќе бидат процесуирани и казнети. Испадна дека сето тоа било шала комика! Република Македонија на Зоран Заев е земја на корупција, многу непотизам и криминал...

НАПОМЕНА: фалсификатот на Иванова лесно се чита, потписот на ПРИМАЧОТ апсолутно се разликува од личниот потпис на Лилјана Сивакова