Web Statistics Трајко Твор - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Централниот регистар на РМ на бившата власт и служеше за легализација на криминал со регистрација па бришење на илјадници фирми низ кои поминал криминал за исцицување на пари од Буџетот. На оваа власт ЦРМ и служи и за таа и за друга намена – за перење коли на диво...

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Марија Бошковски Јанковски викана Кубик, директорка на Централниот регистар, кадар на владејачката НСДП, си има перална за коли, ама на ,,диво,,. Се крие зад фирма на родениот брат Трајко Бошковски викан Твор и зад нејзината мајка која се обидува узурпиран простор на РМ да впише на свое име. Во нормални околности ова не би било нормално и не би било изводливо, ама Марија Бошковски Јанковски сега е власт. А кога си власт во Македонија тогаш се ти е дозволено. Особено власт во ЦРМ.



Марија Кубик и Трајко Твор, брат и сестра, имаат регистрирана фирма ,,Петтиот елемент,, ДООЕЛ, Скопје. Фирмата НЕ Е ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК. На оваа фирма, братот Трајко има перална за коли, сместена е на ул. ,,Чеде Филиповски,, 12 во Општина Центар. Пералната се вика ,,Ново Маало,,, се наоѓа во моментно најатрактивниот и најактуелниот комплекс во Скопје и Македонија, спроти хотел ,,Холидеј Ин,,, недалеку од паркингот за кој се бие битка да (не) се градат повеќекатници. Но, ако министерот Горан Сугарески јавно изјави дека сопружниците Антиќ и МПЦ во регуларна и законска процедура си го купиле тој простор, во случајот на Марија Кубик и Трајко Твор и во случајот на нивната перална, ситуацијата не е таква. Пералната е сместена на парцела која е сопственост на РМ, ама Марија и Трајко решиле да си биде нивна. Па поднеле документација врз основа на ништо да докажат дека заслужиле (веројатно дека Марија е власт!?) да ја приватизираат и да си ја присвојат за минимална цена на чинење од некои 200-300 евра за квадрат. Ама подоцна би ја продавале во просек од 1000 еур/квм, како што тоа обично оди во РМ. Во процесот на приватизација и присвојување на парцелата фигурира името на нивната мајка. Ако се може, зошто да не!?





Додека чекаат оваа случајна среќа да ги снајде, па да станат велепоседници на имот на РМ, директорката на ЦРМ, Марија Бошковски Јанковски и нејзиниот брат, во узурпираниот простор на ул. ,,Чеде Филиповски,, 12 сместиле високопрофитабилна перална за службени коли на разни државни институции, министерства и општини. Марија, со помош на влијателни колеги од извршната власт, последните неколку месеци реди договори за давање услуги на: министерството за транспорт и врски (потпишан од министерот Сугарески), на македонски пошти (потпишан директорот Реџепи), на министерството за правда (потпишан екс министерот Саљији), на Собрание на РМ (потпишала Цветанка Иванова, генерален секретар), финансиска полиција (стои потпис на директорот Арафат Муареми) и Град Скопје (потпишал градоначалникот Петре Шилегов). Вкупниот промет само по овие договори изнесува 960.000 денари. Не е толку голем проблем што цената на перење службено возило варира од договор до договор, колку што има други поголеми пропусти и незаконитости:

1. Фирмата ,,Петтиот елемент,, не е ДДВ обврзник, регистрирана е на паушал од 1.000.000 милион денари годишно, а само овие договори кои ги набројав се близу тој износ. Има уште договори кои ги немам во посед. Па износот е далеку надминат само по основ на договорите потпишани со јавните институции.

2. Проблем е и што никој од потписниците пред да потпише договор не проверил каде се наоѓа пералната, дали таму е сместена законски или е во узурпиран простор за кој Бошковски никому не плаќаат закуп. Испаѓа дека ем потпишале договор со фирма која на диво врши услуги во узурпиран простор, ем менаџираат со фирма која не плаќа ДДВ бидејќи не е обврзник.

3. Пералната ,,Ново маало,, работи и со перење на возила на граѓани, за што вработените наплаќаат во готово и не издаваат фискална сметка. Фискалната каса им е во фиока, не ја ни вклучуваат. Така им наредил Трајко Бошковски, а сестра му Марија, директорка на ЦРМ нуди и пружа заштита од инспекција. Посетени од инспектор на УЈП, при констатирани неправилности и направен записник во фирмата ,,Петтиот елемент,,, конкретно во пералната ,,Ново маало,,, за да спречат пријава и затворање од УЈП, Марија Бошковски Јанковски успеала во УЈП да спречи процесуирање. Притоа врз основа на ургенција на надредени раководители во УЈП, инспекторот што вршел контрола бил понижен и морал да се повлече од поднесување пријава и затворање на пералната, со казна за фирмата. Среќен е што поминал без дисциплинска казна од директорите во УЈП.

Мојот извор ми тврди дека покрај службените коли на министерствата и јавните институции кои со договор доаѓаат на перење во ,,Ново маало,,, дневно низ пералната минуваат во просек уште 80 возила за кои се наплаќа износ од 200 денари, без издавање на фискална сметка. Тоа во просек значи дека покрај оние 960.000 денари по договорите, низ рацете на Трајко Бошковски во готово поминуваат и 480.000 денари месечно или 5.800.000 денари годишно, што е многукратно повеќе од годишниот паушал на лимит од 1.000.000 денари за плаќање на ДДВ.

Екстра заработувачка на Трајко и Марија им носи и узурпиран паркинг простор од околу 40 квм крај пералната, простор во сопственост на РМ. На него наплаќаат во готово дневен паркинг на постојани муштерии. Износот што им влегува в џеб по овој основ не може да се пресмета бидејќи варира. Пајак службата од овој приватизиран паркинг не крева возила, бидејќи Марија Бошковски Јанковски како директорка на ЦРМ си воспоставила систем на отповик на пајак службата ако инцидентно дојдат. Всушност, од поодамна ,,пајаците,, знаат дека паркингот е на газдарица Марија па не интервенираат. Инаку просторот е зелена површина, ама кому тоа му е гајле.

Последна ставка се вработените кои секако дека работат на црно, за месечна плата од 8.000 – 12.000 денари, исплата на рака, кога Трајко Бошковски има пари за нив. Придонеси не им плаќа, проценил дека не им требаат. Патем се подразбира дека вода не плаќа бидејки има ископан бунар од кој црпи техничка вода за перење на службените коли. А не плаќа никому ни за отпадна вода бидејќи просторот не е регистриран како деловен, узурпиран е. Марија Бошковски Јанковски како директорка на Централниот регистар на РМ ја искористила својата извршна функција да тргува и да истргува со влијание, по сите можни основи, за противправно да оствари имотна корист заедно со нејзиниот брат Трајко Бошковски Твор.

Во прилог имате докази за погоре пишаното...