Web Statistics Свинге, свинге раја (2) - Burevesnik
Macedonian Albanian English

Социјалдемократската криминална реанимација на упропастеното македонско здравство, во режија на Рамила Шекеринска, продолжи со несмалено темпо.

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Половина година се на власт, во комбинација со ДУИ па резултатите се видливи од авион. По бегството на Арбен Таравари кон Гостивар постигањата на актуелната коалиција на власт се евидентно лоши.

На клиниката за хематологија директорува Ирина Пановска Ставридис, кума на Шеќеринска. Таткото Златко Пановски и неговата веледрогерија ,,Пановски,, имаа над 70% учество во потрошувачката на лекови кои ги троши хематологија, при годишен буџет на клиниката од 6 милиони евра. Денес со новата власт, Пановски на својата ќерка и продава уште повеќе поради насилството кое таа го спроведува. Ирина Пановска Ставридис, лекар со сомнителен стручен кредибилитет, вооружена со кумовска конекција кон Шекеринска прави буквално што ќе и падне на памет. А многу памет нема! Во последните десетина години колку што е ,,вработена,, на клиниката, повеќе одсуствува отколку што присуствува на работа. Има просек максимално до 5 месеци годишно, физичко присуство на клиниката. Оние денови кога доаѓа на работа, доаѓа да види како се одвиваат работите, а се однесува како газдарица која доаѓа да провери како оди потрошувачката на набавеното од тато Златко. Само неупатени имаат дилема дека клиниката не е нејзина. Само законот спречува да не си ја впише клиниката на свое име и да и тури табла ,,Клиника Ирена,,.

Тоа што тендерите на оваа клиника не се тендери туку про форма криминална дисциплина која мора да се задоволи, а папирологијата да се пополни, е само мала заебаванција во однос на нејзината дрска и безобразна директорска практика да ги пречкртува набавките на лекови кои останатите лекари и професори ги препишуваат на болничките пациенти, а не се од палетата на тато Златко. Леко, со потег на пенкало прецизно ги назначува лековите кои татко и со паралелен увоз од некое далечно странство ги продава на клиниката за хематологија. Со тоа свесно го ризикува животот на пациентите. Веќе има еден фатален случај на пациент кој умрел неколку минути по примање на сомнителниот лек од паралелен увоз од компанија ,,Пановски,, иако лекарот првобитно препишал друг препарат. Ама на докторка/директорка Ирина баш и е гајле за било чиј живот, битно е бизнисот на тато Златко да врви. Таа со задоволство го поништила препишаниот спасоносен лек од лекарот што се грижел за пациентот на умор и го назначила убиствениот “лек” од тато. Профитот е поважен од животот на пациентот. Живот ќе има во 2018, за оваа година не е предвиден...

Покрај овој “стручен” мобинг, кој пациентите ги чини здравје и живот, кумата на Шеќеринска, др Ирина Пановска Ставридис, издашно се занимава и со ортодоксен социјалистички мобинг, за што како средства користи воведување на тотално нецелисходна втора смена на клиниката, малтретирање на колегите со непочитување на академската хиерархија и систематизација на клиниката. Задржани се досегашниот претседател на управниот одбор на клиниката, тендерската комисија, како и целокупната структура на клиниката задолжена и со исклучива функција да го спроведуваат криминалот на компанијата ,,Пановски,, во процесот на набавките на лекови. Останаа во целосно ист состав?! Промени можеби ќе има во 2018. Во оваа година мора да се доврши заостанатото од минатата власт.

Новиот министер Венко Филипче, веќе прогласен за сигурен, потекнува од семејство кое негува долга традиција на “чувари на народното азно” - азно кое потоа мистериозно им се губи од нивните раце и од сопственоста на народот. Им се ,,лизнало,, меѓу прсти. Прадедото на Венко Филипче е човекот поради кого Македонија остана без еден од своите верски и национални симболи - Архиепископската Круна од Охрид, скап и свет предмет за Македонците, опточен со драги камења. Како што е познато, стотици години наназад, круната се чувала во видни охридски куќи и се изнесувала за најголемите верски празници, кога за време на службата ја носел Охридскиот Архиепископ. На тој начин светата круна била сочувана низ најтешките времиња и низ периодот на турското владеење. Ова се случувало до моментот кога доаѓа ред на семејството Филипче да ја чуваат круната. Круната, чие чување била највисока чест за секое семејство, доверена и чувана со живот ако треба, била ФИЛИПЧИЊА ја предале како подарок на бугарскиот намесник во Охрид. За време на бугарската окупација од страна на семејството Филипче, како знак на сервилност и покор кон новата власт, но и заради задржување на привилегиите во трговијата со кожи, занаетот на ова семејство во тоа време. Круната и денес го краси Националниот музеј на Бугарија, во Софија. Воедно е сведоштво за предавството и алчноста на едно несреќно семејство.

Таткото на Венко Филипче, академик Илија Филипче (внесен во академијата од својот зет Харалампие Поленаковиќ, сопруг на сестрата на Илија и Добри Филипче, Билјана Филипче Поленаковиќ), најмногу го паметиме како министер за здравство во владата на Црвенковски, кога се докажа како еталон за корупција, сигурно најкорумпиран министер во својата влада, а во врвот на најкорумпирани во поновата историја на Македонија (се сеќаваме на случајот на препакување сируп ОРАЦЕФ со изминат рок во стан во ЧАИР). Покрај легендарните скандалозни набавки и донации од тоа време, централната аптека и другите форми на криминал, поради актуелноста на темата, мораме да се подсетиме дека лично Илија Филипче како министер за здравство, заедно со своите тогашни партнери Стојмир Петров и Сади Беџети со нивните веледрогерии, се автори и татковци на увозот на фалсификувани лекови, што беше своевремено и обелоденето, па и овековечено во еден скеч на К-15.

Синот Венко Филипче својот административен ангажман во владата на Груевски, го исполнува со висок ентузијазам и самопрегорно преку кабинетот на министерот за смрт - Тодоров, каде е присутен скоро секојдневно по неколку часа, последните неколку години од мандатот на истиот, манифестирајќи ја својата основна наследна, но и унапредена особина - сервилноста и слугувањето на Тодоров, поради платеното членување во скоро сите комисии на ова министерство, како и во бројните проекти на министерството за здравство. Да појасниме само дека работата на тие комисии и проектите на министерството, преку кои ДПМНЕ оствари историски грабеж на здравствениот денар, направи и нешто многу помонструозно - направи основа за измените на Законот за здравствена заштита, со кои се легализираа многу форми на криминал во здравството, од кои најистакната и најактуелна е увозот на лажни и фалсификувани лекови кои досега однеле неброени животи и влошиле здравје на многу луѓе, произвеле инвалиди од луѓе што можеле да се излечат, преку лековите на фирмите на Пановски, кумот/дијализер Новачевски, Орцо Систина Камчев и други. Венко Филипче е дел од таа погубна политика. Сега доаѓа за министер да ја заокружи мисијата на Тодоров.

Оваа сериозна велекриминална спрега на власта и фармакомафијата наместо да е под истрага или во затвор, заради спроведување на систематизиран геноцид, денеска е комплетно инсталирана во власта и продолжува со своето делување на штета, болест и смрт на целото општество, а платено повторно со нашите пари. Венко денес е национален советник на премиерот - за здравство!!?? Ама и сигурен кандидат за министер за здравство. Веќе виден во фотелја. Поефектно би било премиерот Заев да го врати Никола Тодоров за министер, да си ја продолжи и доврши геноцидната политика, оти неговиот советник и слуга Венко Филипче ќе ја утне работата.

Додека се преинсталира оваа про-Тодоров криминална политика, на другите клиники се одигруваат последните пресметки со неподобните. Од педијатрија грубо е елиминирана Љиљана Којиќ за да се смести на шефовско место Аспазија Софијанова Цули, туркана штедро од Владиката Наум. Директорката Кети Ставриќ е именувана по принцип ,,нарани кучета не дирај копчета,, а со клиниката и натаму командува Софијанова. Докторка Којиќ 11 години спротивставена на ДПМНЕ и Софијанова, издржа и се додржа на нозе на клиниката на педијатрија, ама последниот удар од грб не го издржа, даде отказ и премина на клиниката за гинекологија. Сега тандемот Кети Ставриќ (потпишувачка) – Аспазија Софијанова (спроведувачка) може без пречки од Љиљана Којиќ на раат да ,,ординира,,. Побарувачката на деца на ,,црнко,, никогаш не намалила, дури оваа ужасна трговија може и да се унапреди, само уште Софијанова да ја добие слободата која ја имаше со ДПМНЕ. Колку и да звучи неверојатно, Кети и Цули се како сестри, можеби и поблиски од тоа. Конгресниот туризам за нив цвета.

Од своја страна ДУИ не застанува со криминални и катастрофална кадровска и штетна политика. Си думаат: ако можеше Бујар Османи како специјализант после обука во Лондон да се врати и да биде министер, зошто да не може специјализант да биде директор на клиника за тораковаскуларна хирургија. Кој смее да спротивстави? Кој па смее на пример да се спротивстави на директорското именување на ОРЛ клиника на др Габи Копачева, истакната ,,јуришница,, на ,,ГРОМ,, и Стевчо Јакимовски. Копачева е единствен постојан член на второстепената владина комисија за доделување инвалидски пензии, сега контролирана од министерката Мила Контевска Царовска. Сега Копачева е унапредена во претседателка на оваа комисија. Тоа го заслужила како верна соработничка на довчерашниот директор на ОРЛ клиника, др Николче Николовски, заедно со неа соосновач на контрасиндикатот на клинички центар ,,Мајка Тереза,,. Др Николовски јуниор е син на проф. Николовски сениор, професор на ,,ФОН,, и ментор на лажниот докторант Никола Груевски, со препишан докторат од којзнае каде. Копачева позната на клиники како духовита жена, е предводник на подсмевачката кампања и главна постирачка по социјалните мрежи на сметка на Зоран Заев, за време на митинзите на ,,Тврдокорните,,. Среќа што Заев е демократ па Копачева денес е наградена со директорска фотелја на ОРЛ. Добила втора шанса, на сметка на оние кои не заслужиле ниту една!

Др Копачева има и благопријатна задача плус, да го заштити од кривичен прогон претходникот др Николчо Николовски. Ги прикрива неговите бројни скандали, неговото активно учество во монтирање скандали на доктори неистомисленици и непослушници на ДПМНЕ (случај со проф. Јане Нетков), случаи на безброј примери на селективно лекување пациенти. Автор е на јавна изјава дека ,,без пари не оперира,,, дека ,,комуњари не оперира,, (случај на Марјан Стаменковски од порталот ДОКАЗ кој од Николовски после неговото улично брутално претепување ги слушнал тие зборови). Да не е Копачева негов ГРОМобран, Николовски после доаѓањето на ЖИВОТ ЗА СИТЕ во Македонија ќе беше првиот лекар без лиценца.

Најнов дострел на свингерајската екипа на клиники, за која објавив еден озабавен пост на ФБ (,,СВИНГЕ СВИНГЕ РАЈА, ДОШО’ ЧИКА ПАЈА,,) е поставувањето на Маја Мојсова за директор на КАРИЛ (анестезија, реанимација и интензивна нега). Мојсова се ,,прослави,, со инсајдерската улога во уривањето на штрајкот на лекарите, напуштајќи го од ,,здравствени клиники,,. Веднаш откако ,,оздравила,, а задачата си ја извршила, нејзиниот сопруг застапник на санитарии ,,Rocca,,, нагло ја зголемува продажбата на вц шолји и писоари по владини институции. Сопругата му одработила! Маја Мојсова денес е член на моќниот свингерајски квартет на скопските клиники. Таа го забавува др Сотир Ставридис, за овој да може да ја голтне интимната дружба на неговата сопруга Ирина Пановска Ставридис со др Венко Филипче. Шекеринска е покровител на овој свингерајски квартет. Се ебат на народна сметкорасписка, а за свој личен профит. ,,Пановски,, нема време за чекање, бизнисот мора да врви. Многу гладни социјалдемократски усти треба да се нахранат.

На клиника за ендокринологија е инсталирана (пак во режија на Шекеринска), ќерка на долгогодишен колега на Радмила од деновите кога била активна во СОРОС Фондација. Др Саша Мишевска е наменски поставена за директорка на ендокринологија за да обезбеди непречен проток на неквалитетен инсулин од крајно сомнителни извори. Погодувате дека се добавува од ,,Пановски,, и компании сателити контролирани од Златко Пановски. Последиците од инсулинот одамна се видливи и одамна се знае какво зло нанесуваат на пациентите, ама нема кому да се жалат оти оние што треба да ги заштитат се главните конзументи во синџирот на исхрана командуван од ,,Пановски,,. Помеѓу личен профит и квалитетен инсулин, факторите како Шекеринска го избрале профитот. И не се стеснуваат од тоа.

Детската болница ,,Козле,, ја раководи др Ангелчо Андоновски, познат по тоа што нема сигурен доказ дека навистина е доктор. Во текот на неговите студии е избркан од медицински факултет Скопје поради фалсификување испити, па морал да завршува наводно во Стара Загора, Бугарија. Др Ангелчо долго бил во здравствената комисија на СДСМ, ама многу близок до Аспазија Софијанова додека таа беше фактор во ДПМНЕ. Преку него како трансмитер, во ДПМНЕ само неколку часови после расправа во комисијата на СДСМ знаеле што е расправано и што се подготвува како следна активност. Тоа што комплетниот колегиум на болницата ,,Козле,, потпишал петиција за директор да биде поставен искусен и стручен педијатар, на Радмила Шекеринска и значело колку и ланскиот снег. Поставен е др Ангелчо со 6 месеци специјалистички стаж, без клиничко искуство.

                                        (има уште)